„Луѓе, ова е одвратно! Некои немаат леб да јадат“: Изјавата на Бела Хадид „за тешкото детство“ ги изреволтира луѓето бидејќи не можат да веруваат дека патела поради ова

Топ моделот Бела Хадид, ги остави без зборови модните критичари на овогодинешниот филмски фестивал во Кан кога се појави во уникатен фустан со дизајнирани „златни бели дробови“, кои ги носеше околу вратот како огрлица. Ова не е прв ниту последен пат Хадид да предизвикува реакции на црвениот тепих, но на страната на нејзината модна комбинација една нејзина изјава наиде на многу бурни реакции.

Бела Хадид гостуваше во емисијата на Јутјуб што месечно ја објавува магазинот „Вог“ во август оваа година. Популарната видео серија содржи познати жени и коментари за модните парчиња кои ги носеле на големите настани.

Манекенката се наврати на црвениот фустан што го носеше во Кан во 2016 година со длабок шлиц. Тогаш таа рече дека се срами од тој фустан, бидејќи како што објасни - тоа не е нешто што би го избрала.

Дел од интервјуто кое многумина го пропуштија во август пред два дена стана интернет сензација.

Имено, Бела, сеќавајќи се на моделите на фустани од познати дизајнери, со тага изјави: „Кога пораснав, никогаш не добив ништо дизајнирано. Мајка ми ми ги купи чевлите на Кристијан Лабутин дури по завршувањето на средното училиште. Затоа оваа фотографија ми буди емоции. Овде сум среќна и благословена и секогаш се сеќавам на она што го немав како дете. Среќна сум што можев психички да излезам од таа состојба во која бев со години. Преживеав".

Рецензијата на Бела за „тешкото детство“ поради дефицитот на дизајнирани скапи чевли што влијаеле на нејзиното ментално здравје, ако ништо друго, резултираше со урнебесни цинични и саркастични коментари.


„Не можам да престанам да плачам. Сочувствувам со нејзината болка", „Тешко ми е да ја гледам нејзината тага. Каква трагедија", „Таа преживеа и излезе посилна. Таа е силна жена", „Премногу тешко детство - како успеа да го преживее сето тоа", „Оваа жена не живее во реалноста", „Кутра. Сака да ни каже дека и таа не е привилегирана. Солзите сами ми паѓаат", „Правда за Бела", „Најлошо од сè, е тоа што таа навистина мисли дека тоа било тешко детство", „Слушнавте луѓе - еден пар чевли лекува психички проблеми", „Луѓето немаат леб да јадат, но мило ми е што дизајнираните чевли ја направија среќна", „Луѓе, ова веќе не е смешно, ова е одрватно“, се само дел од 100.000 коментари на социјалните мрежи.


Фото: Профимедиа/Инстаграм

Со солзи во очите, скршена одвнатре: Ја нарекуваат жената со најсовршеното лице на светот, но и таа има големи проблеми