Со солзи во очите, скршена одвнатре: Ја нарекуваат жената со најсовршеното лице на светот, но и таа има големи проблеми

Една од најбараните манекенки на денешницата, Бела Хадид, на Инстаграм сподели серија фотографии на кои плаче во желба да ја доближи својата борба со бројните психички проблеми до публиката.

Славната 25-годишна девојка, која научната заедница во 2019 година ја прогласи за „жена со најсовршено лице на светот“, напиша и долга објава во која нагласи дека „социјалните мрежи не се вистински живот“, и ѝ се заблагодари на Вилоу Смит, ќерката на актерот Вил Смит, бидејќи на сите платформи што таа ги има зборува јавно за своите психички проблеми.

„Вилоу, те сакам тебе и твоите зборови. Тие ме прават да се чувствувам помалку осамена и затоа сакам да го објавам ова. Понекогаш се што треба да слушнеш е дека не си сам. Затоа од мене до вас – не сте сами. Те сакам, те гледам и те слушам. Самопомошта и менталната болест не е линеарна патека и изгледа како тобоган што постојано се движи, има подеми и падови и оди од една во друга страна. Сакам да знаете дека секогаш има светла на крајот од тунелот и дека тобоганот секогаш целосно застанува во одреден момент. Се разбира, секогаш има шанса да започне повторно, но секогаш ми е убаво да знам дека ќе биде подобро, дури и ако тоа е за неколку дена, недели, месеци, па дури и за момент“, ја започна својата трогателна исповед Бела. 

„Ми требаше долго време да го сфатам тоа, но имав доволно нервни сломови за да го научам ова: ако работите доволно напорно на себе, ако поминувате време сами за да ги разберете вашите трауми, предизвикувачи, радости и рутина, вие секогаш ќе можете да разберете или да дознаете повеќе за сопствената болка и како да се справите со неа. Тоа е сè што можете да си побарате од себе. Не сум сигурна зошто, но ми е сѐ потешко да не ја споделам вистината овде. Ви благодарам што ме слушавте и видовте. Ве сакам“, напиша манекенката. 


Ова не е првпат Бела јавно да зборува за проблемите што ги има со менталното здравје. Во интервјуто што го даде за Vogue на почетокот на оваа година, таа зборуваше за тоа колку лошо се чувствувала на почетокот на кариерата и за фактот дека јавноста не го сфатила сериозно нејзиниот сериозен израз на лицето.

„Луѓето ме исмејуваа и ми велеа никогаш да не се смеам. Тоа беше само затоа што бев на навистина лошо место физички и психички“, рече таа. 

Во 2019 година за „Гламур“ призна дека анксиозноста и депресијата ја „осакатиле“ и дека била „емоционално нестабилна“ додека работела 14 часа на ден четири месеци по ред како 18-годишна девојка во индустријата за моделирање.

„Плачев секое утро, плачев за време на паузата за ручек, плачев пред спиење. Се чувствувам виновна што можам да го живеам овој неверојатен живот, да ги имам сите можности што ги имам, а некако сè уште сум депресивна. Тоа нема смисла. Мислам дека би си направила лоша услуга ако не зборувам за менталното здравје, бидејќи низ тоа поминав во последните пет години и тоа доста интензивно“, беа зборовите на Бела пред две години.


Фото: Инстаграм/Бела Хадид

На најубавата жена во светот, мајка ѝ и ја купи кариерата: Од грдо пајче до планетарна слава и милиони на банкарска сметка