„Се каам што им кажав на моите деца дека имам рак, сега би постапила поинаку“: Исповед на мајка која си ја призна грешката
Не е лесно да се соопштат вестите за семејството...
Семејството и односите во него се столбот и „слабата точка“ на секој човек. Меѓутоа, кога ќе дојдат помалку убави моменти, како што е болеста на некој член од семејството, тогаш објавувањето на таквите вести е повеќе стресно.
Имено, колумнистката Џен Морсон живеела со сопругот и шесте деца во Мериленд и била многу добра хонорарна писателка за бројни списанија. Меѓутоа, еден ден таа идила се менува - таа открива дека има рак.
Додека го доела своето најмало дете, почувствувала грутка во градите. Отишла на лекар и ги направила потребните тестови. Шансите биле на нејзина страна - ѝ било кажано дека има само 10% шанси дека е рак, тие ги убедиле децата дека сето тоа е прашање на претпазливост.
Меѓутоа, по некое истражување, конечната „оценка“ од докторот ја добила како резултат на патологот преку електронска пошта и на неа пишувало „дуктален карцином in situ“ - во превод имала рак. Џен веднаш го известила сопругот дека ова е почетната фаза и дека ќе ја избере подрастичната од двете опции што и се нудат.
Следно било како да се комуницира со децата
Иако смирено разговарала со сопругот за се, била загрижена како децата ќе ја примат оваа информација. Сепак, нејзиниот најголем страв бил како ќе ги остави децата без мајка. Таа решила да им каже непосредно пред операцијата, а два месеци по откривањето на дијагнозата. Сега се кае затоа што мисли дека требало веднаш да им каже.
- Мојот ум беше 99 отсто убеден дека ќе ја добијам оваа битка, но беше тешко да го убедам срцето. Прво разговарав со најстарото дете. Тој е рационален тинејџер и мирно слушаше што имав да му кажам – изјавила Џен, пренесува „Јаху“.
Таа вели дека на најмалите и било најтешко да им се објасни, дека мама ќе мора да се оперира и дека повеќе нема да има гради. Таа го послуша советот на психијатарот да му каже на секое дете поединечно, бидејќи на тој начин повеќе од веројатно ќе им требаат различни пристапи кон информациите.
Освен тоа, бидејќи децата се на различна возраст, не секој може да разбере како што треба. Најстарото дете го разбрало и планот за лекување и дијагнозата, додека осумгодишното дете разбира дека мама ќе оди на операција и дека ќе помине уште малку пред да може да ја прегрне.
Операција и одвојување
Џен отиде на операција и мораше да се одвои од семејството за да се опорави правилно. Психијатарот советуваше одржување на семејни состаноци или индивидуални посети за да им се даде на децата важност и можност да поставуваат прашања за тоа што би можеле да ги интересира.
Извор: Ona.telegraf.rs