Што значи името Јана и зошто е добро да ја имате во вашиот живот

Јана е едно од триесетте најпопуларни имиња во регионот, спрема анализите направени во последниве неколку години. Популарноста многу му расте, па се очекува да стане водечко женско име. 

Се верува дека ова име е кратенка од името Јулијана и е со старо-грчко потекло. Други теории велат дека името Јана е една варијанта од Ана, име кое потекнува од Јована и е со потекло од хебрејскиот јазик. 

Ако е точна теоријата дека името е од грчко потекло, тогаш името Јана има значење- онаа која носи светлост, онаа која во себе си носи сјај, жена или девојка полна со младост и енергија. Таа е весела и безгрижна, а името значи и радост, светлост, блесок, сонце.

Ако се ветува дека Јана потекнува од Јована, името означува жена која е пратена од Господ, жена која со себе ги носи мирот и среќата, безгрешнна, чесна жена, светица.