"Слава на Бога!" Маркијан е најден: По апелот за помош на Ребека, експресно реагираа сите
Денес пејачката и хуманитарка Ребека преку социјалните мрежи се обрати за помош, а набрзо сите се вклучија. Еве првично што напиша:
- Маркијан, му избегал на Мики, Мики со повредена нога, излегол од дома и не можеме да го најдеме. Има црвена тренерка, ве молам некој ако го види да ни јави. Ако го видите застанете го, прашајте го како се вика, ќе ви каже. Ве молам, кој го видел да ни јави веднаш.
А, потоа следеше радосна вест:
Драги пријатели од Скопје, Македонија, целиот свет кој се вклучи во потрагата на Маркијан. Маркијан е брз дечко и голем и доста далеку стасал. Го нашол таксистот Јане Митовски чија што сопруга ми јави и ми го пушти неговиот број благодарение на мојот пост на фб.
И благодарам на полицијата и на Министерот Панче Тошковски кој што самиот ми се јави да ме праша за помош.
Му благодарам на Господ што ве имам сите вас.
Слава на Бога!