Животна училница // Приказни
ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО ВЕВЧАНИ - седуммесечно бебе почина откако паднало од импровизиран кревет, лекарите не успеале да го спасат
- 14 Мај, 2024
Денеска во раните утрински часови во СВР Охрид било пријавено дека, во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, по извршен хируршки зафат, починало седуммесечно бебе од Вевчани, кое, претходниот ден околу 16 часот, било донесено во болницата од неговата мајка.
Бебето, според пријавеното, било примено во болницата со хематом на главата и по констатирано мозочно крварење, веднаш била извршена операција.
Според изјавата на неговата мајка, повредите настанале по пад од импровизиран кревет во семејниот дом во Вевчани.