На најубавата жена во светот, мајка ѝ и ја купи кариерата: Од грдо пајче до планетарна слава и милиони на банкарска сметка
Има само 24 години, до неодамна не изгледаше ни блиску до тоа како изгледа сега, но сето тоа го реши нејзината мајка Јоланада, па милиони сега само се прелеваат на сметката на славната манекенка.
Познатата манекенка Бела Хадид денес доминира на модните писти и речиси и да нема ревија на која што никогаш не работела. Бела пред неколку дена го прослави својот 24 -ти роденден, и така млада постигна многу.
И додека за Кендал се шпекулираше дека нејзината кариера е скоро купена, Бела не помина подобро, за која можеа да се слушнат коментари дека никогаш нема да успее ако не беше нејзината славна мајка, поранешната манекенка Joланда Хадид.
Јоланда порано беше многу успешна манекенка, а јавноста подобро ја запозна преку реалното шоу „The Real Housewives Of Beverly Hills“. Зад себе има два брака и три деца.
Таа беше во брак со Мохамед Хадид, таткото на Бела и Џиџи Хадид, од 1994 до 2000 година. После тоа, таа се омажи за Дејвид Фостер, со кого беше од 2011 до 2017 година. Покрај ќерките, таа има и син, Анвар, кој исто така е модел.
Мајката на Бела го доби прекарот „мајка од пеколот“ затоа што ѝ бранеше на Бела да јаде колку што сака, „затоа што Париз и Милано сакаат слаби девојки“, и не ги охрабри ќерките да студираат „бидејќи манекенството е многу поисплатливо“.
Сакаше да оди на Олимпијадата
Бела беше спортски тип, а нејзината страст беа коњите. Сакаше да оди на Олимпијадата како јавач, но нејзиниот сон заврши кога откри дека има Лајмска болест. Меѓутоа, со помош на добри телесни предиспозиции, неколку пластични операции, славата на нејзината сестра и „голите фустани“, таа исто така успеа да се пробие во светот на модата и многу брзо да застане рамо до рамо со својата постара сестра.
Денес, Бела е многу успешна, таа заработи околу 25 милиони долари само во 2020 година, речиси и да нема голем бренд во чии кампањи таа не се појавила. Од Марк Џејкобс, преку Томи Хилфингер, Ралф Лорен, Балмејн, до Диор и многу други.
Успешна е и на социјалните мрежи, па над 46 милиони луѓе ја следат на Инстаграм.
Пластични операции
Бела, која неодамна беше прогласена за најубава жена во светот, беше подложена на бројни операции, пренесуваат странските медиуми. Може да се прочитаат коментарите дека манекенката ги „поправила“ сите неправилности благодарение на пластичните хирурзи, додека други сметаат дека манекенката е убава и дека ја заслужила споменатата титула.
Бела изгледа навистина поинаку на фотографиите од минатото, што ги поддржува коментарите дека претрпела низа интервенции. Странските медиуми наведуваат дека Бела интервенирала на устата, носот, брадата, јаболчниците, мачкините очи, како и дека редовно користи ботокс.
Љубовен живот
Медиумите тргнаа по нејзините стапки по нејзината романса со The Weeknd. Имаше гласини за нив уште во 2015 година, и оттогаш тие раскинуваа неколку пати и повторно се помируваа. Пред шест години, тие беа видени заедно на фестивалот Коачела, а потоа извори блиски до нив рекоа дека меѓу нив веднаш се појавила хемија.
Истата година, заедно отидоа на Модната недела во Њујорк, каде ја напуштија ревијата на Александар Ванг држејќи се за раце. Но, кон крајот на 2016 година, се зборуваше дека парот се разделил.
„Тие сѐ уште делат голема љубов еден кон друг, па останаа пријатели“, рекол тогаш еден извор. И токму тогаш, тие повторно се „споија“ на ревијата на Викторија Сикрет, каде настапи токму тој. Во еден момент се сретнаа на пистата, Бела сакаше да го допре, но тој се оддалечи. Сето ова изгледаше многу непријатно, особено поради неодамнешното раскинување. И денес се шпекулира дека тие не се преболеле еден со друг, и дека The Weeknd бројни песни и контроверзни спотови се упатени токму до Бела, а многумина мислат дека сакал да ја понижи! (Пример: видео за песната Save Your Tears)
Денес, Бела ужива во романса со Марк Калман. Иако двојката ја откри својата врска пред само три месеци, се шпекулира дека тие се заедно веќе една година.
Марк е уметнички директор и неговите заслуги вклучуваат дизајнирање дел од албумот за раперот Тревис Скот. За Марк не се знае многу бидејќи го крие приватниот живот од јавноста. Би рекле дека Бела навистина ужива денес - нејзините рози цветаат на емотивно и деловно поле.