Повеќето мажи не знаат да се носат со славата и успехот на жената: Интервју со Стојне Николова
Струмица освен што е плодна земја за убав зеленчук, е и плодна земја за многу таленти. Успешни спортисти, поети, политичари и пејачи со златни грла.
Струмица го имаше Гоце Арнаудов, но сега ја има и Сузана Гавазова, брачниот пар Ленче и Горан Куќиќ, но и младата и талентирана фолк-пејачка Стојне Николова.
Во интервју за Женски магазин, Стојне зборува за тоа какво дете била во детството, тинејџерските години, но и за матурската забава.
Неодамна таа ја објави нејзината најнова песна и спот со која предизвика бура од реакции за нејзиниот сексапил …
ЖМ: Со првото прашање ќе те навратам во детството. Какво дете си била и какви спомени носиш од времето кога си била мала?
- Многу темпераментно дете. Многу време сакав да минувам надвор и дефинитивно најубавите спомени ми се од детството.
ЖМ: Тинејџерските години многумина ги нарекуваат „луди години“. Каква беше како тинејџерка?
- Во тинејџерските години некако се повлеков и бев мирно девојче.
ЖМ: Училиштето наспроти љубовта во тинејџерските години. На што повеќе си давала значење и приоритет. Први симпатии и љубови, или книги, лекции и петки во дневникот?
- На училиштето.
ЖМ: Месец мај е месецот на матурските прослави. Дали се сеќаваш на твојата матурска вечер, како изгледаше таа вечер, во што беше облечена, дали имаше партнер?
- Секако дека се сеќавам. Бев облечена во долг фустан кој го подготвувавме со месеци, и да имав партнер.
ЖМ: Како изгледаа матурските вечери во твое време?
- Прослави налик на свадба.
ЖМ: Неодамна ја објави твојата нова песна „Лоша“, според она што можеше да се види, доста позитивни коментари и критики. Колку си ти задоволна што еден модерен македонски призвук можеш да им подариш на помладите генерации?
- Сакам кога спремам нови песни и звукови, и „Лоша“ настана случајно, а ја направив за помладата публика.
ЖМ: Покрај убавиот ритам и текст, дали сметаш дека публиката сака и малку сексапил и умерена доза на провокација да види во спотовите, посебно кога станува збор за женски изведувач?
- Секако дека сака. Музиката во денешно време не само се слуша туку и гледа, но јас сум за тоа секогаш да биде умерено и дозирано.
ЖМ: Дали подготвуваш нешто ново за следниот период?
- За некоја седмица во етер ќе излезе и мојот најнов проект „На две страни“, а веќе се спрема и друга песна во побрз ритам. До крајот на годината многу нова музика од мене.
ЖМ: Следува најубавиот период од годината, летото, дали имаш веќе планови?
- Да, уште пред неколку месеци го резервирав мојот летен одмор во Палма де Мајорка, во Шпанија, крајот на јуни, а останатиот дел од летото ќе биде работен.
ЖМ: Постојано настапуваш со твојот бенд, дали може да се направи расположение во кафеана само со македонска музика без ниту една песна отпеана од соседството?
- Така е. Мојот бенд „Динамик“ се мојата музичка поддршка. Секако дека може со добар избор на песни.
ЖМ: Секогаш одржуваш фит форма, тоа е така затоа што си посветена на здрав начин на живот или пак едноставно станува збор за генетика?
- Никогаш не сум внимавала којзнае колку на исхраната, а и немам многу време за тоа со оглед на набиената агенда. Генетиката е „виновникот“ за мојот изглед.
ЖМ: Скоро секоја вечер некаде настапуваш, а за еден интерпретатор потребно е и добро да изгледа. Колку фустани и високи потпетици има Стојне во гардероберот?
- Веќе не знам што и колку имам, и пак немам доволно. (се смее)
ЖМ: Што треба да поседува еден маж за да го освои твоето срце, и дали досега си сретнала некој таков?
- Пред сè, да ме сака и почитува, да ме разбира и поддржува. Сум сретнала ама не со сите карактеристики. (се смее)
ЖМ: „Мажите се плашат од успешни жени“ дали се сложуваш со оваа констатација?
- Апсолутно. Секогаш има исклучоци, но повеќето мажи не знаат да се носат со славата и успехот на жената.
ЖМ: Што те прави среќна и исполнета?
- Мали нешта. Кога моите сакани се покрај мене и се живи и здрави, и секако среќни, тогаш и јас сум среќна и исполнета.
Габриела Додевска ГлигоровскаФото: BadStef