Актуелно // Insta вести
Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“
- 18 Мај, 2024
„Спомени од едно убаво Скопје“, „Шток ми бејби“, „Прекрасни спомени од една убава младост, Хавана, МНТ, Чао“ се само дел од коментарите под објавата на Игор Џамбазов за неговите пријатели, градски ликови од скопскиот асвалт кои заминаа прерано. Игор често се потсетува на нив и споделува приказни од моментите поминати зедно.
И овој пат тој пишуваше за Зеко и Пиже:
- Газда Зеко и братот Пиже …Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли.
И двајцата си заминаа на овој ден. И затоа денес друго нешто не ни почувствував … само тага.