Кој би рекол дека ја гази осмата деценија: За Ричард Гир годините се само бројка

Добивај вести на Viber

Седумдесет и две годишниот актер Ричард Гир и неговата сопруга Алехандра се појавија на црвениот килим на Канскиот филмски фестивал. Облечени како што доликува за еден ваков гала настан, Александра и Ричард го привлекоа вниманието на јавноста, а изненадувачки е дека парот изгледаше совршено и вљубено како на почетокот на нивната романса.

Двојката има две деца, синот Александар кој има 5 години и Џејмс кој има четири години. Сопругата на актерот има и син од бракот со бизнисменот Говинд Фридленд, кој има единаесет години, додека пак ова е трет брак за актерот.

Првпат се ожени на 42-годишна возраст со познатата манекенка Синди Крафорд, но парот немаше деца. Во неговиот втор брак со колешката Кери Лоуел, се роди неговото прво дете, синот Хомер.

View this post on Instagram

A post shared by Yo Dona (@yodona)


Фото:Инстаграм