Зајакнете го имунитетот и заборавете на настинките: Домашен сок од коприва што мора да се проба
Копривата е една од најдобрите билки кои се користат за подобрување на имунитетот, а лесно можете да ја најдете во природата, па затоа е бесплатна. Сокот од коприва се подготвува многу едноставно, а рецептот кој ви го пренесуваме е неверојатен за зајакнување на имунитетот.
Копривата е еден од најдобрите природни начини за зајакнување на имунитетот, а рецептот за овој напиток мора да го запишете.
Состојки:
30-40 парчиња врвови од млада коприва
3 литри ладна вода
5-6 цитрусни овошја по избор (може и комбинација од лимон, грејпфрут и портокал)
1 кг шеќер кој го додаваме подоцна
Подготовка:
Измијте ги копривите и овошјето, па ставете ги во водата. Покријте го садот и оставете го да отстои 24 часа. Следниот ден со раце добро изгмечете ги состојките, па процедете и додајте шеќер.
Сокот треба повремено да се меша додека не се раствори шеќерот, потребни се приближно 24 часа за да се раствори шеќерот, па потоа истурете го во чисти и суви шишиња и чувајте го на ладно и темно место.
Извор: stil.kurir.rs