Готово е, овој пат дефинитивно: Џенифер Лопез се разведува од Бен Афлек

Добивај вести на Viber

Обожавателите на славниот пар се во шок по веста за наводниот развод.

Иако одамна се шпекулираше дека односите помеѓу Џеј Ло и Бен Афлек не се на завидно ниво, овој пат, медиумите пренесуваат дека е готово помеѓу нив. Фановите веќе забележаа дека Бен и Џенифер не поминуваат некое време заедно, а последно е забележано дека актерот не ја носи бурмата. Тој не присуствуваше на Мет Гала со сопругата на 6 мај, и покрај нејзината важна позиција на настанот, со изговор дека е на снимање на новиот филм.

Сега тој е фокусиран на работата и неговите деца. Бен веќе се исели и веројатно ќе ја продаде својата куќа од соништата, која ја бараа цели две години. Тие никогаш нема да престанат да се сакаат, но таа не може да го контролира него и тој не може да се промени. Немаше шанси ова да трае, вели изворот.