Сакате да сте среќни? - Послушајте ги овие 5 совети од астролозите
Овен
Што и да ви кажат другите, ако вистински сакате нешто тогаш работете на тоа, затоа што нема да се откажете сè додека не успеете или паднете.
Подредете си ги приоритетите и посветувајте повеќе време на луѓето кои го заслужуваат тоа.
Престанете да се трудите околу односите кои не водат никаде.
Секој ден шетајте, возете велосипед и слично.
Движењето ви е потребно. Не срамете се од своите каприци, прифатете ги и ќе бидете помалку нервозни.
Бик
Бидете сигурни во себе и во своите ставови, дури и кога сте разочарани.
Сомневањето во себе може да ве доведе до депресија. Не пропуштајте да си угодите себеси, но строго поделете го времето за уживање и за работа.
Работете на емпатијата и почесто ставајте се во позиција на другите со цел подобро да ги разберете.
Научете дека претераната гордост може да биде вашиот непријател, односно таа може да ве оддалечи од луѓето кои ги сакате.
Бидете добар пријател. Пријателствата се највредните врски во вашиот живот.
Близнаци
Учете и читајте, тоа го чува мозокот и ја одржува вашата љубопитност. Немојте да ги запоставите тие работи.
Одржувајте го во вашето хоби, дури ако имате малку време, затоа што без забава вие паѓате во депресија.
Не влетувајте во љубовни врски пред претходно добро да ја изнализирате ситуацијата.
Барајте стабилен пријател кој ќе знае да ве советува кога треба да „прикочите“. Не задоволувајте се со работи кои не ве интересираат.
Образувајте се дополнително и обидете се да пронајдете нешто што ви се допаѓа.
Рак
Движете се помалку во друштва кои озборуваат, вие ги впивате негативните емоции и размислувања како сунѓер.
Не пропуштајте прилика да се дружите со вашето семејство и пријателите, таквата енергија ве храни.
Подредете ги приоритетите во учењето, не дозволувајте да учите цел ден, а следниот да одмарате.
Вам ви треба рутина. Вежбајте ја довербата во другите луѓе, давајте им шанса да станат подобри.
Внимавајте на исхраната, уживајте само во добрата храна.
Лав
Немојте да се извинувате за тоа што сакате внимание, љубов и убаво однесување, пронајдете луѓе кои знаат тоа да ви го дадат.
Не ги прекривајте фрустрациите, тие секако ќе испливаат на површина десет пати појаки и полоши, а вие ќе испаднете незрели.
Бидете директни и искрени. Не го заземајте последното место во работата, нема да сте среќни ако не сте одговорни за нешто.
Преку спорт, уметност, танц или музика, трошете ја вашата енергија и реализирајте ја вашата страст.
Обидувајте сè што почесто да се дружите и да водите активен социјален живот со различни личности.
Девица
Помагајте им на луѓето околу вас, со тоа вежбате емпатија и подобро ќе се чувствувате.
Прифатете се себеси онакви какви што сте и немојте да им се правдате на другите, дружете се со оние кое го делат вашето мислење и ставови.
Не ги прифаќајте работите премногу лично. Ако не сте задоволни, стекнете искуство и барајте нешто друго.
Не плашете се поради прекинувањето на лошите врски, посилни сте отколку што мислите.
Земете си домашно милениче, тие се голема утеха за вас.
Вага
Уредете ја вашата соба. Околината има големо влијание врз вашето расположение.
Научете да кажувате „не“ и да ги одбивате луѓето кои тоа го заслужуваат, а притоа да не ви е незгодно.
Не се затворајте во четири ѕида, вам ви требаат луѓе како што сонцето им треба на растенијата.
Намалете ја посесивноста и љубомората, тоа ве прави да се чувствувате огорчено.
Работете го тоа што го сакате, со тоа далеку ќе стигнете.
Скорпија
Бидете си лојални на себе и на своите желби. Преголемите прилагодувања кај вас може да предизвикаат бес, прекинување на односите и депресија.
Отворете се кон другите и наместо само да ги слушате, споделете ги своите мисли со нив.
Верувајте ѝ на вашата интуиција, таа е често во право без разлика на тоа како изгледале околностите на почетокот.
Не плашете се од негативните емоции. И тие имаат своја цел како издувен вентил.
Хранете се здраво и одбегнувајте ги пороците, тие ви се слаба точка.
Стрелец
Зборувајте отворено, искрено и слободно. Луѓето ќе ве ценат поради тоа. Имајте верба во себе и секогаш испробувајте нови работи.
Вам желбите ви се менуваат во зависност од фазата во која се наоѓате.
Задолжително практикувајте редовна телесна активност. Спортот и рекреацијата ви се неопходни.
Посветувајте се помалку на материјалните работи и немојте да собирате работи кои всушност не ви се потребни.
Не се задоволувајте со малку во љубовта, подобро е да сте сами затоа што вистинската љубов ќе се појави кога најмалку ќе очекувате.
Јарец
Во секоја работа и задача давајте сè од себе, резултатите ќе ве направат навистина задоволни.
Изградете го својот карактер, откажете се од цигарите, нездравата храна и поставете режим во вежбањето.
Не плашете се да бидете сами и практикувајте да поминувате квалитетно време со самите себеси.
Вежбајте спонтаност без да планирате, дозволете си да се препуштите на она што срцето го сака.
Помагајте им на другите без размислување, тоа ве прави подобра личност и ќе ви се врати.
Водолија
Внимавајте на вашите финансии, направете план и придржувајте се кон него. Тоа ќе ве направи да бидете повеќе одговорни кога се работи за пари.
Не ги менувајте често друштвата и луѓето кои ве сакаат.
Возбудата од новите врски ќе ги ви ја замагли перспективата.
Потребна ви е физичка активност, трчање или нешто друго што потполно ќе ве исцрпи.
Не бегајте од проблемите, тоа ви е најголема маана.
Риби
Бидете отворени за нови искуства, од патувања до нови врски и понуди за работа.
Слушајте ги другите и давајте им свои совети, ќе го ценат тоа.
Не обидувајте се премногу да ги исполните очекувањата на другите, затоа што со тоа набрзо ќе го изгубите своето „јас“.
Вежбајте ја трудољубивоста и давајте си самите на себе задачи кои мора да ги исполните.
Не бегајте од стресни ситуации, соочувајте се со проблемите.