Крушата под круша паѓа: Македонски мајки и ќерки кои изгледаат како сестри
Врската помеѓу мајка и ќерка не може да се опише со зборови, таа само може да се почувстува обострано
Авторот Дејвид К. Грос рекол „Бог не може да биде насекаде, па затоа ги создал мајките“. Тие подаруваат живот и никогаш не бараат ништо за возврат.
Една таква љубовната релација има и помеѓу мајките и ќеките на нашата македонска јавна сцена. Неретко тие јавно си изразуваат љубов и си кажуваат колку си се важни едни на други.
Моника и Светлана ЦрнокракМоника е поголемата ќерка на познатата манекенка и сопственичка на модното студио „Црнокрак“, Светлана. Таа по дипломирање на Економскиот факултет продолжи да се занимава со манекенство. Досега освои неколку титули на избори за убавина, а од неодамна е и водителка на забавна емисија на Канал 5 телевизија.
Моника и Светлана, пленат со нивната убавина. Кога се една до друга изгледаат како две сестри, а не како мајка и ќерка.
Лина Пејовска и Тереза
Судејќи по фотографиите на социјалните мрежи, младата пејачка Лина Пејовска е копија на мајка си Тереза. Имено таа многу наликува на мајка си, но она што е исто така многу важно е дека таа е нејзина голема поддршка во музичката кариера.
Анета Молика и Моника
Нашата фолк пејачка Анета Мицевска или позната во јавноста како Анета Молика од бракот со поранешниот сопруг Џими, со кого ја имаат ќерката Моника.
- За секоја една работа мора да постои жртва. Во нашиот случај тоа е нашата ќерка Моника. За среќа тука се моите родители, кои се грижат за неа исто како што би се грижела и јас. Многу ми недостасува бидејќи постојано сме на пат. Но, сите имаат разбирање за нашата работа - раскажа Анета во едно интервју.
Ива Спасовска и Марија
Познатата македонска дизајнерка Ива Спасовска често ја покажува жената од која ја наследила својата убавина. Имено кога ќе ја видите на заедничка фотографија со мајка си Марија, на прв поглед би рекле дека тие две се сестри.
Навистина нејзината мајка плени со младешкиот изглед, што е за секоја пофалба, а Ива може да се пресреќна што наследила такви гени.
Миа Костова и Оливера
Познатата ТВ водителка и влијателна дама на социјалните мрежи, Миа Костова е ќерка на Оливера. Имено, мајката на Миа, изгледа неверојатно добро за своите години. Совршено тело, младешки стил, многу тетоважи, обожава плажи, мотори- сега сме сигурни на кого наликува Миа.
Мартија Станојковиќ и Снежана
Македонската јавност најдобро ја запозна Мартија од музичкото натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“. Таму најголема поддршка ѝ беше нејзината семејство, а најмногу нејзината мајка.
Мама Снежана и денес е најголема поддршка на младата пејачка. Сличноста помеѓу нив две е неверојатно, а за уникатноста и младелашкиот дух на мајка ѝ на Мартија, доказ се и фотките што пејачката ги споделува на профилите на социјалните мрежи. Црвената коса ѝ е заштитен знак, а истата насмевката е она што прво паѓа во очи кога ќе ги видите овие мајка и ќерка.
*Д.К.И.