5 супер рецепти за јадења со варени јајца: Најдобар начин како да ги потрошите сите јајца кои ви останаа од Велигден
Никако не ги фрлајте варените јајца, туку од нив направете вкусни деликатеси и уживајте во нив уште неколку дена
По Велигден, повеќето домови имаат многу варени јајца, кои не можат да се јадат во ист ден. Доколку се чуваат во фрижидер, можат да останат добри за јадење до 7 дена.
Не ги фрлајте, туку искористете ги за да направите вкусни оброци во кои сите во домот ќе уживаат уште неколку дена.
Ви пренесуваме 5 супер вкусни рецепти кои ќе ве воодушеват и се подготвуваат доста брзо.
Ролат со мелено месо и со јајца
Ви треба:
-1 кг мелено месо
-средина од две парчиња бајат леб
- 1 дл млеко
- 1 главица кромид
-6 јајца
-малку масло
- мелен црвен пипер
- сол и црн пипер
Подготовка:
Зачинете го меленото месо и додадете го кромидот исечен на ситни коцки, па исцедениот леб, па сè убаво измешајте. Префрлете ја смесата во најлонската фолија и премачкајте ја со дебелина од 1 сантиметар. Излупените варени јајца ставете ги во средината над месото и завиткајте го ролатот така што јајцата да останат во средината. Готовиот ролат извадете го од фолијата, ставете го во тавче и печете го околу половина час.
Јајца полнети со „урнебес“ и шунка
Состојки:
- варени јајца
- 100 гр сирење
- 100 гр шунка
- мајонез
- Кисела павлака
- сол и црн пипер
-малку искршена лута пиперка
Подготовка:
Јајцата пресечете ги на половина по должина и извадете ги жолчките. Во чинија издробете ги жолчките, сирењето, мајонезот, павлаката и сечканата шунка и додадете малку лута пиперка. Измешајте за да добиете смеса слична на паста. Со него се филуваат белките и се редат во чинија.
Запечени компири со јајца
Состојки:
- 1 кг компири
- 6-7 изматени јајца
- 200 гр кисела павлака
- 50 гр путер
- сол и црн пипер
Подготовка:
Компирите обарете ги и исечете ги на кругови. Исечете ги јајцата на парчиња. Изматете ја павлаката со малку млеко. Огноотпорниот сад премачкајте го со путер, па наизменично наредете ги компирите и јајцата и повторете ја постапката додека има доволно материјал. Покријте сè со шлаг и млеко. Одозгора се ставаат листови путер и се пече во рерна на 180 степени околу 40 минути.
Руска салата
Состојки:
-6 варени јајца
- 200 гр шунка
- 400 гр мешавина од руска салата
- 400 гр мајонез
- 5 кисели краставички
-сол
Подготовка:
Сварете ја мешавината,па исцедете ја водата. Јајцата, шунката и краставиците исто така исечкајте ги на коцки. Соединете сè во еден сад, додадете сол и мајонез. Измешајте .
Оброк салата со макарони
Ви треба:
- 5 варени јајца
- 300 гр макарони
- 100 гр шунка
- 10 листови зелена салата (по можност ајсберг зелена салата)
- 5 шери домати
- 50 гр. рукола
- малку мајонез
- малку сенф
- брускети (може и препечен леб на коцки)
Подготовка:
Сварете ги макароните, јајцата исечкајте ги на коцки, како и шунката. Шери доматите преполовете ги, па додајте ги во макароните. Измешајте сè, додадете мајонез и сенф (предходно измешајте да се соедини), прелијте со салата и макароните. Потоа посолете и измешајте. На крајот, посипете ја брускетата врз салатата и послужете како ладен или топол оброк.
foto: Printscreen/ YouTube Akis Petretzikis
Извр: glossy.espreso.co.rs