Лицето на Хурем ги шокираше луѓето: Вака изгледа актерката од блиску и сè помалку личи на себе
Еден детаљ ги заинтригира сите
Познатата турско-германска актерка Мерјем Узерли шокираше со своето појавување на Канскиот фестивал 2024 година, кој започна синоќа. Веќе подолго време се коментира дека таа повеќе не личи на себе, односно изгледот кој го толкуваше во серијата „Сулејман Величествениот“ што се емитуваше од 2011 до 2014 година. Се чини дека „трансформацијата“ не е завршена.
Мерјем Узерли беше на премиерата на „The second act“ на Канскиот фестивал 2024. Светкавиот фустан од богати бои беше интересен моден избор, но лицето засени сѐ. Сите гледаа во нејзиното „ботоксирано лице“. Но, вниманието го привлече и тоа што постојано го допираше стомакот, што го покажа и на Инстаграм. Некои се прашуваат дали актерката сакала да испрати порака, но секако ја заинтригира јавноста.
Хурем долго време е во центарот на медиумското внимание и поради трансформацијата на нејзиниот изглед - од 2011 година до денес, многу се промени. Како што многумина велат, не на природен начин. Според тие коментари, Мерјем направила естетска корекција на усните и јаготките, отишла на третмани со ботокс и видно ослабела (ништо од ова сепак не е потврдено). Таква поинаква Хурем видовме последниве години на светските гала настани, Канскиот фестивал е нејзината омилена дестинација како и насловните страници на престижните списанија.
Мерјем Узерли на 12 август ќе наполни 41 година. Родена е во брак на Германка и Турчин во германскиот град Касел, а со глума почнала да се се занимава како десетгодишно девојче.
Улогата во „Сулејман Величествениот“ е нејзината најуспешна улога, иако глумеше и во други серии, а потоа се сврте кон Холивуд, барајќи шанса во американска продукција.
Извор: zena.blic.rs