Министерот Бектеши со фотографии од колички полни зејтин: Продажбата е ограничена, нема да дозволиме да го препродаваат или да го носат во странство

Министерот за економија Крешник Бектеши преку фотографии направени во некој од скопските маркети, а кои ги објави на неговиот фејсбук профил преку практичен пример го илустрира оправдувањето на владината одлука на ограничувањето на купувањето на масло за јадење, донесени од Владата. 

„Ваков начин на купување на масло за јадење во маркетите јасно покажува дека не е за сопствени потреби за граѓаните туку за препродажба во сивата економија по повисоки цени од набавна или за продажба во соседните земји каде што зејтинот е по многу повисока цена.

Нема да дозволиме системот да биде изигран и мерките кои што ги донесовме за заштита на граѓаните од ценовни шокови да бидат злоупотребени.


Детали читајте на Фактор тука.