Му дала на детето необично име, сега добива смртни закани: „Ќе одиш во пеколот“!

Мајката на две деца, Џози Кинг (27) беше мета на сериозни критики, па дури и закани, откако на своето дете му даде име Луцифер!

Таа гостуваше во една емисија каде кажа дека името случајно „и текнало“, и дека доколку родила девојче ќе и го дадела името Нарнија.

- Немав инспирација за името. Гледав разни книги за бебиња и ми се допаѓаа чудни имиња, не ми се интересни оние што ги имаат сите. Претпоставував дека ќе родам девојче бидејќи во нашето семејство има повеќе девојчиња - па помислив да и го дадам името Нарнија, но потоа дознав дека носам момче. Ми се допаѓаат имиња што ми се допаѓаат, не мора да им се допаѓаат на другите луѓе. Кога го избрав ова име знаев дека на луѓето нема да им се допадне, но тоа е нивен проблем – изјавила Џози.

Мајката додава дека многу членови од нејзиното семејство и кажале дека „не може така да го нарече“, но истакнува дека не е религиозна, па името Луцифер не го претставува она што го претставува за другите.

@gingey1994 #support  #loved #unstoppable ♬ Unstoppable - Sia

Таа вели дека добила многу грозни коментари по гостувањето во емисија, па дури и смртни закани, но има и такви кои и испратиле порака за поддршка.

- Ми пратија страшни пораки, но сѐ уште не сум се предомислила, не се каам што му го дадов тоа име на син ми. Цел ден добивав пораки. Мислам дека луѓето имаат право на свое мислење, а името најмногу не ѝ се допаѓа на постарата генерација. Ми се допаѓа името затоа што, во моите очи, не го претставува ѓаволот.

Џози вели дека многу луѓе ја прашале зошто на детето му дала такво име, но таа смета дека тоа „не е ништо поразлично од името Сара или Дом“.

Мислењата на луѓето за ова име се различни, што го покажуваат коментарите на социјалните мрежи.

„Ќе го малтретираат цел живот, тажно“, „кутро дете“, ѝ напишале, додека се јавила мајка чие дете се вика и Луцифер.

- Мојот син се вика Луцифер, нема ништо лошо во тоа, ние го сакаме тоа име. Претставува светлосна бариера, а само ограничени луѓе мислат дека тоа е името на ѓаволот - рече таа.

Патем, многу христијани веруваат дека ѓаволот некогаш бил прекрасен ангел по име Луцифер, кој му пркосил на Бога и се сопнал.


Foto: Instagram/gingey1994