На Миконос не можеше да биде поубава: Нина Бадриќ има божествен фустан за плажа што може да го носи цело лето

Добивај вести на Viber

Нина Бадриќ летото го помина на Миконос каде уште еднаш го демонстрираше својот беспрекорен морски стил

Хрватската пејачка Нина Бадриќ е позната по својот префинет и елегантен стил, а без разлика дали се работи за нејзин настап или лежерна прошетка, нема сомнеж дека таа секогаш прави моден избор за пофалба.

View this post on Instagram

A post shared by (@badrich)


Овој модел на фустан се вика „Awash Mystery“, а се работи за мини фустан со потпис на Јохана Ортиз. Станува збор за памучен фустан кој се врзува околу вратот со отворен грб и ефективни шлицови во пределот на половината. Доминираат потемните нијанси и мотивот на палми, идеални за летните денови.

Нина овој фустан го искомбинира со сини обетки, а колку ѝ се допаѓа покажува и фактот што објави неколку фотографии во истиот аутфит со потписот на Ортиз.

View this post on Instagram

A post shared by (@badrich)


Овој фустан чини неколку стотици долари, но може да се најде на различни сајтови по многу намалена цена.

Извор: glossy.rs