Наоми Кембел и на 51 година има брутално добри стомачни: Во теретана не оди, а ова е нејзината едноставна исхрана

Добивај вести на Viber

Пред модната ревија во 2013 година, десет дена јадела само зеленчук и овошје

Иако наполни 51 година, светската топ моделка Наоми Кембел воопшто не изгледа така. Нејзиното беспрекорно лице и тело секако оставаат впечаток дека убавата манекенка е многу помлада.

Иако изгледа како да го пронашла еликсирот на младоста, вистина е дека Наоми ја одржува убавината со строга дисциплина и разни трикови, кои ви ги откриваме во продолжение.

„Ручекот е мојата вечера, бидејќи всушност јадам еднаш дневно“, рекла Наоми и открила дека си дава пауза.

View this post on Instagram

A post shared by Naomi Campbell (@naomi)



-Неделата е мојот ден за слатки, па правам десерти, колачи, пудинзи - признала таа.

Меѓутоа, во нејзиниот случај, „малку пауза“ треба да се сфати буквално бидејќи модната ѕвезда вели:

- Јадам кога чувствувам дека треба да јадам, не гладувам. Ако еден ден сакам воопшто да не јадам, тогаш пијам само вода или сок. Зависи како се чувствувам. Ако надвор е жешко, понекогаш само го земам сокот. Никогаш не планирам. Може да биде еден ден или два дена во неделата. Тоа е само кога ќе почувствувам дека така треба да биде – рекла Црната пантера.

За потсетување, Наоми десет дена пред модната ревија во 2013 јадеше само зеленчук и овошје. Тренира напорно, но ги избегнува теретаните бидејќи во нив се чувствува многу нервозна.

Тајната на нејзината убавина е секојдневната бања со Епсом и кошер сол и оцет. Во бањата се задржува 30 минути, а од сол и оцет прави и пилинг за лицето.

- Кожата и телото паметат сè, а ако не ги третирате со големо внимание, многу брзо ќе изгледаат многу лошо, рече таа.

Згодниот Русин заради кој Наоми Кембел го славеше православниот Божиќ