Згодниот Русин заради кој Наоми Кембел го славеше православниот Божиќ
Кога станува збор за холивудските ѕвезди кои го слават Божиќ на 7 јануари, често се споменува Наоми Кембел. Пред неколку години кружеа гласини дека таа ќе го прифати православието поради нејзиниот тогашен партнер, рускиот милијардер Владислав Доронин. Но, таа врска заврши многу лошо - на суд.
Наоми, која беше заштитно лице на компанијата за недвижнини на Владислав, почна да излегува со тајкунот - кој го нарекуваат и „рускиот Доналд Трамп“ - откако го запозна на Канскиот филмски фестивал.
Тоа се случи во 2008 година, а потоа Владислав се разведе од тогашната сопруга Екатерина, со која беше во брак од 1988 година.
Медиумите пишуваа дека Наоми била причина за пропаѓањето на бракот, но наводно Владислав и Екатарина веќе биле разделени 10 години пред неговата врска со супермоделот.
Врската меѓу Наоми и Владислав траеше пет години и беше исполнета со екстравагантни подароци.
Поради милијардерот, Наоми наводно учела руски, често престојувала во Москва, па дури и размислувала да го прифати православието.
Целиот свет остана воодушевен кога манекенката за својот 41 роденден доби летна вила од Доронин. Обликот е на окото на египетскиот бог Хорус и се наоѓа на локација позната како островот Клеопатра во турскиот залив Гокова.
Russian billionaire boyfriend Vladislav Doronin spoils supermodel Naomi Campbell with an island vacation home for her 41st birthday, shaped like the Egyptian Eye of Horus. @GoddesstheMuse pic.twitter.com/SBuN0XHHwt
— QUEEN WATER (@QueenWater_) February 26, 2021
Тој и подарил и куќа која буквално наликува на вселенски брод, а која ја дизајнирала Заха Хадид, позната архитектка позната по својот футуристички стил.
#Russian-Billionaire-Builds-Futuristic-Spaceship-Home-For-Naomi-Campbell #interior https://t.co/uxcHubjJZf Russian Billionaire Builds Futuristic Spaceship Home for Naomi Campbell pic.twitter.com/4agIk1qf2e
— Linda Severino (@redsomcom) September 5, 2018
„Наоми и Влад имаат сложена врска, а понекогаш раскинуваат и се помируваат. На многу начини, нивната врска наликува на деловен аранжман. Наоми внесува гламур во неговите хотели и имоти, а тој се однесува исклучително добро со неа“, пишуваше тогаш во познатата публикација „Шест“.
Меѓутоа, во 2013 година нивната врска пропадна, а најгрдата фаза од врската следеше во 2020 година.
Рускиот бизнисмен ја тужел манекенката, тврдејќи дека Наоми одбила да ги врати парите што и ги позајмил. Доронин поднесе тужба од повеќе милиони долари во која тврдеше дека Наоми сè уште држи дел од неговите работи, вредни три милиони долари. Тој не го прецизираше точниот износ на заемот.
#offtopic Naomi Campbell's BILLIONAIRE man Vladislav Doronin can DEFINITELY GET IT! Hands down, no questions asked! pic.twitter.com/Qyi1SVQp
— gabe (@gamontague) October 30, 2011
Доронин е познат како еден од „кралевите на рускиот недвижен имот“. Основач е на Капитал Груп, компанија за развој на недвижнини.
Тој е исто така сопственик и извршен директор на Аман, група на луксузни хотели во повеќе од 20 земји, и е претседател на OKO Group - уште една компанија за развој на недвижнини.
Русинот од 2015 година е во врска со манекенката Кристина Романова и со неа има две деца, додека и Наоми неодамна стана мајка.
Извор: Задовољна.рс
Фото: Shutterstock Editorial / Profimedia