Направете си домашен сок од нане: Вистинско освежување за топлите летни денови, не ви треба шпорет (РЕЦЕПТ)
Домашниот сок од нане ќе ви го заживее телото за време на топлите летни денови, а освен што е вкусен, исклучително лесно се прави.
Сокот од нане се подготвува од свежи листови и гранчиња од растението нане. Пред подготовка, тие треба добро да се измијат за да се отстрани нечистотијата и штетниците од лисјата. Во зависност од количината на сокот што сакате да го подготвите, можете да ја зголемите количината на состојките. Домашниот сок најдобро се чува на ладно место. Наведената количина на состојки е доволна за околу 5 л сок од нане.
Компоненти:
- 300 гр свежо нане
- 5-6 лажици шеќер
- 3 кесички лимонтус
- 3 литри вода
- 3 кг шеќер
Подготовка:
Свежото нане измијте го со ладна вода за да ја отстраните прашината од неа. Потоа ситно исечете го со ножици или нож. Измешајте го сечканото нане со 5-6 лажици шеќер и сок од лимон и убаво изгмечете со раце. Прелијте со 3 литри вода и оставете да отстои 24 часа. Откако смесата ќе отстои, процедете ја и добиената течност истурете ја во друг сад.
Додадете шеќер во течноста и измешајте сè за шеќерот добро да се раствори. Оставете го да отстои 24 часа и мешајте на секои 4-5 часа. Откако течноста ќе се смири, процедете ја во поголем сад. Истурете вода и сè добро измешајте. Добиениот сок истурете го во стаклени шишиња и затворете го со капаче. Можете да го консумирате веднаш.
Foto: preentscreen/Youtube