Не беше убава, но богата наследничка, а тој убав како Аполон: Ја кроеше модата пред Ана Винтур, ама љубовта ѝ беше секогаш на прво место


Фото: Instagram / focusonthefrock

Дајана Вриланд влезе во светот на модата кога тогашниот уредник на американскиот магазин „Harper's Bazaar“ ја виде на подиумот и му се допадна нејзиниот стил.

Набрзо почнал да пишува колумна во тоа престижно списание, а набргу во 1936-та година стана уредник на истоименото списание. Таа функција ја вршеше до 1962-ра година, кога се преселила на позицијата уредничка на уште попознатото списание – „Вог“. Таа откри многу, подоцна големи ѕвезди. Од Лорин Бекол, која ја открила кога имала само 16 години, до Ролинг Стоунс, кои ги ставила во „Вог“ во 60-тите. Останатото е историја. Омилена боја ѝ била црвената, а во една прилика го ангажирала познатиот дизајнер на ентериер Били Болдвин и го замолила да  ја украси куќата само во таа боја. „Како градина“, рекла таа. „Но, градина од пеколот“.

Таа никогаш не била убава, но сите ја опишале дека го има „она нешто“.

Семејниот и деловниот живот вешто го разделила иако сопругот постојано бил покрај неа. Таква жена секако не било лесно да се следи. Тие двајца засекогаш ќе останат запаметени во американската историја како пар кој се почитувал, чии мисли и набљудувања се многу важни и на чиј стил и денес многумина се восхитуваат.

Меѓутоа, кога ќе помислиме на модните икони низ историјата, таа нема секогаш да ни падне меѓу првите на ум. Џеки Кенеди, Одри Хепберн, Брижит Бардо се секогаш тука пред неа. Но, ако копате малку подлабоко, нејзиното име ќе излезе на површина и ќе влезете во светот на модата за кој никогаш не сте знаеле дека постои. Пред Ана Винтур, таа беше таа што ја кроеше модата, ја советуваше Џеки Кенеди која капа да ја носи на важни државни настани, но ја и советуваше Барбра Стрејсенд да не си го допира носот. Значи таа е повеќе од модна икона.


Во книгите, филмовите и документарните филмови за неа речиси и да не се споменува нејзиниот сопруг. Томас Рид Вриланд беше господинот кој ја инспирираше и сакаше за време на нивниот долг 43- годишен брак.

Дајана е родена во Париз во 1903-та година. Таа живеела привилегиран живот. Во 1914-та година со семејството се преселила во Њујорк, на самиот почеток на Втората светска војна и тогаш започнала нејзината животна приказна.

Во 1922-ра година дури двапати била објавена во магазинот „Вог“, на листата на најдобро облечени влијателни жени (богати наследнички), а следната година била претставена пред општеството, на познатиот бал за дебитанти во Њујорк. Нејзиното претставување пред сите дошло во вистинско време, бидејќи веќе на нејзиното прво патување во Саратога, Дајана го запознава Рид, млад човек кој штотуку ги завршил студиите на престижниот Јеил.

- Беше љубов на прв поглед. Ништо не можеше да ми ја расипе среќата. Се чувствував преубаво покрај Рид.

Беа пресреќни - тоа беше најдоброто лето во животот на Дајана! И без многу врева, венчавката беше закажана за март. Односот на Дајана со нејзината мајка никогаш не бил добар. Во своите мемоари, Дајана спомнала една случка која останала со неа до крајот на животот. „Штета што имаш толку убава сестра, а исто така си ужасно грда и љубоморна на неа“. Дајана накратко го објасни тоа во книгата.

- Родителите, знаете, може да бидат ужасни.

Околу нивната венчавка огромен скандал го погоди семејството на Дајана. Нејзината мајка решила да се разведе од нејзиниот татко, што во тоа време тоа беше непростливо, особено во тие богати кругови. Тоа резултираше со мал одѕив во црквата на Менхетен каде Дајана и Рид Вриланд разменија завети. Оттогаш, за жал, Дајана и нејзината мајка никогаш повеќе не зборувале.

„Единствената вистинска елеганција е таа во главата.“
Дајана Вриланд

Сепак, Дијана и Рид беа решени да не дозволат скандалот да им ја расипе среќата и затоа решија да се преселат во куќа во Олбани, место блиску до Њујорк каде што го основаа своето семејство во едноставна и шармантна средина далеку од метежот и вревата на Њујорк. Од бракот имаа два сина.

„Го сакав нашиот живот. Бев многу среќна“. По неколку години, Рид добил деловна понуда во Лондон, па животот го преселиле во Велика Британија, каде Дајана набрзо го отворила својот бутик со скапа долна облека. Продавницата станала многу популарна преку ноќ, дури и Волис Симпсон неколку пати купувала свилени комплети и долна облека. Дајана подоцна на шега знаела да каже како нејзиниот веш за малку ќе ја урнел монархијата.

Времето што го поминале во Лондон било неверојатно. Дружби со Сесил Битон и Волис Симпсон. Можеме само да замислиме како тоа изгледало.

Во 1933-та година, Дајана и Рид решија да се вратат во Америка. Немале толку пари, а начинот на живот што го живееле во Лондон повеќе не бил финансиски одржлив. Наместо да очајува, Дајана решила да ги засука ракавите.

Со помош на нејзините врски и познанства, но и стилот и знаењето, логично било многу брзо да го пронајде својот пат во светот на модата.

Дајана и Рид продолжиле да живеат гламурозен живот во Њујорк, а во 1955-та година се вселиле во многу луксузен стан на Парк Авенија.

Сè што правеле Рид и Дајана, јаделе, пиеле, носеле, правеле со стил. Во 1960-та година списанието „Esquire“ го прогласи Рид за еден од најдобро облечените мажи во Америка.

„Од моментот кога се омажив (18) до моментот кога тргнав на работа во 1937-ма година, значи 12 години - јас читав. Рид и јас си читавме еден на друг на глас, што беше фантастично“.
Дијана Вриланд

Во 1966-та година, на Рид му бил дијагностициран рак на дебелото црево. Одеднаш, еден силен и елегантен господин го загуби карактерот и духот за само неколку месеци. Дајана, иако беше презафатена со магазинот, целото време го поминуваше покрај него.

Истата година умре, а Дајана остана неутешна.

Потребен е посебен вид на маж за несебично да ја даде својата поддршка и љубов на само една жена целиот свој живот. Тој беше нејзиниот ветер во грб и доказ дека тоа што не е убава не значи дека не може да биде среќна во животот, како што ја учела нејзината мајка. А таа беше среќна.

Погледнете го и трејлерот за документарниот филм за оваа неверојатна жена:


Извор: stil.kurir.rs