Нема кој не се сврте по огнената русокоса додека се шеташе во провокативно бикини на плажа: Нејзиното тело е за сечија пофалба (ФОТО)

Ријалити ѕвездата и модел на Инстаграм Кимберли Гарнер неодамна беше уловена на плажа во Мајами, а како и обично, папарацо фотографите не ја пропуштија можноста да кликнат неколку пати и да споделат со јавноста како навистина изгледа атрактивната русокоса.

Русокосата инфлуенсерка и модел го привлече вниманието во минијатурно по боја јоргован бикини, кое ја истакна нејзината витка половина и рамен стомак, како и цврстите гради и позадина. Кимберли, инаку, редовно се фали со своите атрибути на Инстаграм, па нејзините верни фанови веќе знаат како изгледа, но вакви оскудни фотографии никогаш не се на одмет.


Вака ќе се носат костимите за капење ова лето: Кимберли Гарнер го облече хитот за 2022 (ФОТО)


Кимберли уживаше во привлечноста на морето во модерно, бикини кое самата го дизајнираше. Имено, таа во 2013 година го лансираше својот бренд за костими за капење „Кимберли Лондон“, а се чини дека тоа е најдобрата реклама за себе.



Успешната дизајнерка го должи својот сегашен изглед и беспрекорната линија на промените во животниот стил што ги воведе за време на пандемијата на корона вирусот, а кои најмногу се однесуваат на нејзиното здравје.






Да потсетиме, атрактивната 30-годишна девојка се прослави со учеството во реалното шоу „Made in Chelsea“ кое се емитуваше во Велика Британија и ги следеше животите на богатите жители на овој остров додека се движат со пријателите од едниот крај на планета до другиот.


ФОТО: Printscreen Instagram