Вака ќе се носат костимите за капење ова лето: Кимберли Гарнер го облече хитот за 2022 (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Foto: Profimedia


Кимберли Гарнер (31), дизајнерка на костими за капење, го покажа трендот за летото 2022 година

Кимберли Гарнер е вистинска реклама за нејзините костими за капење. Таа вчера уживаше на плажите во Мајами каде има свој имот. Фотографите едвај дочекаа Кимберли да го соблече костимот за капење, а таа не ги разочара.

Foto: Profimedia


Во таа прилика облекла бело бикини со танга гаќички. Горниот дел го сокри со широка бела кошула откопчана до половина, која ја врзала над струкот.

Дека плажата може да биде модна писта покажа со носење златен накит, очила и минимум шминка со оваа комбинација.

Foto: Profimedia


Кимберли е и ѕвезда на реално шоу, актерка, но и дизајнерка на костими за капење.



„Мислам дека луѓето мислат дека сум само заштитно лице на овој бренд, но јас сум одговорна за секој дел од бизнисот. Имав 18 години кога ја основав мојата компанија. Кога дојдов до идејата, ја поминав ноќта размислувајќи и учејќи како да регистрирам компанија . Станав многу успешна преку ноќ“, објаснува Кимберли.