Никогаш не би ви паднало на памет: Докажано е дека оваа евтина храна е најбрзиот начин да се ослободите од салото од стомакот

Добивај вести на Viber


Еден начин да ги намалите внатрешните маснотии е да ја промените вашата исхрана, а можете да започнете со едноставни, лесни промени


Телесните масти се од големо значење за апсорпција на хранливи материи и производство на важни хормони. Сепак, постои еден вид маснотии што е штетно за вашето здравје: висцерална маст.

- Висцералните маснотии се вид на телесни масти кои се акумулираат длабоко во пределот на стомакот, под мускулниот слој и влијаат на вашите внатрешни органи, црниот дроб, желудникот и цревата. Не е исто како салото на стомакот што го гледате – истакнува Роксана Ехсани, нутриционист на Американската академија за исхрана и диететика.

– Иако не се гледа однадвор, може да влијае на вашето здравје со тоа што ќе доведе до зголемен крвен притисок и ќе ги зголеми ризиците од развој на одредени состојби како што се срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес, отпорност на инсулин, па дури и некои видови тумори – додаде таа … Еден начин да ги намалите внатрешните маснотии е да ја промените вашата исхрана, а можете да започнете со едноставни, лесни промени.

За почеток, додадете една од најдобрите намирници за намалување на салото на стомакот во вашата исхрана – обичен грчки јогурт без маснотии. – Истражувањата покажаа дека храната богата со протеини, калциум и витамин Д може да биде поврзана со намалување на висцералните масти. Затоа обичниот грчки јогурт со малку маснотии треба да биде намирница број еден за сите оние кои сакаат да го намалат овој вид маснотии – истакнува Ехсани за порталот „Јади ова“.

Најголемата предност на оваа храна е содржината на протеини.

- Обичниот грчки јогурт со малку маснотии генерално содржи 20-23 грама протеини по порција (една чаша). Јадењето храна богата со протеини може да го намали гладот и да промовира ситост. Исто така, помала е веројатноста да се прејадете ако јадете протеини за време на оброкот – вели овој нутриционист.

На протеините им треба долго време за да се сварат, што помага при ситост. Истражувањата исто така покажуваат дека високиот внес на протеини е поврзан со помал обем на половината и подобро ниво на добар холестерол. Покрај тоа, јогуртот содржи пробиотици кои помагаат да се одржи здрава цревна микрофлора.