Ова е најлошиот подарок за мојот роденден: Иван - спасеното момче на Халкидики вчера го прославил 30-от роденден

Откако беше извлечен од екипажот на товарниот брод кој полвел под гибралтарско знаме, спасениот млад човек од Македонија во добра здравствена состојба, како што пишуваат грчките медиуми, со возило на брзата помош е пренесен во болница. Медиумите во Грција исто така наведуваат дека станува збор за Иван, кој токму вчера го славеше неговиот 30-ти роденден, а веднаш потоа со уште двајцата свои другари исчезнаа во морето на Халкидики.

Како што јавува и дописничката на МИА од Атина, на пристаништето беше пречекан со аплауз од присутните, но и од голем број новинарски екипи кои од вчера детално го следат случајот со исчезнатите македонски туристи.

По 18 часа живо спасено и второто момче од Скопје од тројцата исчезнати во морето на Халкидики: Се трага по третото момче

Градоначалничката на Касандра Анастасиа Халкиа за солунскиот информативен портал „Ворија“ вели дека веројатно добрата физичка состојба и смиреноста биле пресудни што и по 18 часа во морето, останал жив. На еден од чамците на спасувачките екипи, додека траеше потрагата беа и братот и таткото на спасениот, кои од Северна Македонија пристигнале на Халкидики.

Иван ја даде и првата изјава по пронаоѓањето и кажа дека тоа е најлошиот подарок за роденденот.


Акција и потрагата на грчката крајбрежна служба, на грчкиот спасувачки тим и спасувачи волонтери продолжуваат за пронаоѓање на последниот од тројцата исчезнат, односно 28- годишен македонски државјанин. 

ФОТО: Алфа.гр