Оваа фотка го обиколи светот: Роналдо и Георгина го открија името на својата ќерка

За жал, само едно дете преживеало од близнаците кои ги носела Георгина Родригез. Светот неодамна го потресе веста дека синот на Кристијано Роналдо починал при породување. Од близнаците кои ги носеше Георгина Родригез, преживеа само девојчето, а Роналдо и Георгина решија да ја крстат Бела Есмералда.

Бебето се роди на 18 април, а Георгина го откри нејзиното име на својот Инстаграм профил објавувајќи серија емотивни фотографии од бебето како спие. Ова е петто дете на Кристијано Роналдо, бидејќи претходно го доби синот Кристијано Роналдо Јуниор од сурогат мајка, а потоа и близнаците Ева Марија дос Сантос и Матео, исто така од сурогат мајка. Првото дете со Георгина го доби во ноември 2017 година, кога се роди Алан Мартина. Новото бебе му донесе сјај на семејството на Роналдо, како што тој самиот објави на Инстаграм, откако доживеа тежок момент бидејќи едно бебе не го преживеа породувањето. Името Есмералда им е познато на луѓето во Македонија пред се‘ поради познатата шпанска серија од 1990-тите, каде главната актерка беше именувана идентично, а ја играше Летиција Калдерон.

View this post on Instagram

A post shared by Georgina Rodriguez (@georginagio)



Фото: Инстаграм