Поминав низ многу бури, лош период е зад мене: Емотивен говор на Лила на роденденот на „Бекстејџ“ (ГАЛЕРИЈА)
Со голема забава за многу гости, „Бекстејџ“, сношти го прослави 15. роденден. Екипата на ТВ естрадниот магзин додели награди во повеќе катергории, а една од наградените, за најдобра водителка беше Лила Филиповска.
- Оваа награда за посветувам на храбрите како „Бекстејџ“. Поминав низ многу бури, особено изминатава година, еден лош период е зад мене“, кажа Лила за која изминатиов период се пишуваше дека имала сериозни здравствени проблеми.
- Јас можам да работам само Инстаграм, но телевизијата е мојата прва љубов. Инстаграмот денеска имаше проблеми, и не се потпирајте само на него. Образувајте се, учете, за да можете да ја работите работата што ја сакате“, порача Лила која на ТВ екраните е како што рече „само 30 години“, и на шега се нарече претседателка на водителките. Наградата ѝ ја предаде Валентин Николовски.
Најемотивен момент на оваа забава беше крајот, кога ДНК, кои земаа награда за група на годината, ја испејаа „Ако утре ме нема“, а на видео бимот се менуваа слики од познати уметници, многу македонски легенди кои не напуштија. Меѓу нив и Влатко Илиевски, првиот водител на „Бекстејџ“, кој заедно со Марјана Станојковска и со поддршката од тимот ја започна приказната во 2008 година.
Перо Антиќ на сцената се појави со синовите, награда зема и големиот Кире Лазаров, Горан Пандев испрати видео порака.. Од регионот, естрадниот магазин кој е секогаш во центарот на случувањата го испочитуваа Халид Бешлиќ, кој ја почести публиката со неговата „Миљацка“, но и Жељко Самарџиќ со „9.000“. Тамара Тодевска која зема награда за пејачка на годината, заедно со публиката ја испеа „Тажна љубов, среќна песна“, Лозано доби награда за пејач на годината, и ја испеа „Јако јако“, „Суперхикс“ кои се 28 години на сцената за група на годината, награда добија и Пере од „Нокаут“, Велибор Џаровски- Џаро за трајни вредности, и „Два бона“, Таско...
Гости од повеќе сфери на нашиот јавен живот беа меѓу гостите кои се прошетаа на црвениот тепих. Програма на оригинален начин ја водеше комичарот Стефан Николовски.
На крајот, уредничката на „Бекстејџ“, Ева Јакимовска порача дека тимот не застанува тука, а роденденската забава продолжи со „Либеро бенд“.
М.Џаровска
Фото: Вангел Тануровски