Поради неа се вратил од Австралија: Кој е сопругот на Елена Велевска?
По десет години брак, Елена Велевска денеска потврди дека се разведува од бизнисменот Марјан Мирчески со кого има три деца, ќерките Софија и Калија и синот Марко. Познатата пејачка го запознала сопругот на една од нејзините турнеји во Австралија во 2002 година. Во една прилика откри дека ѝ се случила љубов на прв поглед.
- Ме освои со едноставноста. Најубавите работи и брзо се случуваат, тој беше таму, јас овде, помина малку време кога Марјан одлучи да се врати во Македонија и да започнеме заеднички живот во неговиот роден град Охрид. За жал, немавме време за свадбена веселба каква што си посакував - раскажа Велевска во едно интервју.
Марјан, покрај трите деца со Велевска има возрасна ќерка и син, кои живеат во Австралија со неговата прва сопруга.
Велевска денеска упати сериозни обвинувања до човекот со кого често зборуваше дека има идиличен брак.
- Семејното насилство стануваше неподносливо - напиша, меѓу другото, таа на социјалните мрежи.