Повторно е мета на потсмев, но еден детаљ е посебно болен: Камила ја имитира принцезата Дијана на неверојатен начин

Принцезата Дијана брзо и лесно стана модна икона на своето време, а беше подеднакво брилијантна во осумдесеттите и деведесеттите, можеби најмногу откако се разведе од принцот Чарлс и уживаше во независноста и слободата.

Улогата во нејзиниот развод, која денес сите добро ја знаеме, ја одиграа „долгогодишната љубовница на Чарлс, Камила Паркер, и идната кралица на Велика Британија и сегашната сопруга на Чарлс. Сепак, се чини дека на Камилa не и се допaѓал само сопругот на Дијана, туку и - стилот.

View this post on Instagram

A post shared by British Royal Jewels (@britishroyaljewels)



Познато е дека во една прилика, на општ потсмев на Британците, Камила го облекла познатиот „одмазднички фустан“ на принцезата Дијана. Споменатит фустан Дијана го носела во 1994 година на еден настан, кога сакала да покаже дека не е повредена бидејќи Чарлс тој ден дал интервју во кое зборувал за аферата со Камила. Само една година подоцна Камила се појави во истиот фустан, а го носеше со слични чевли и накит.

View this post on Instagram

A post shared by Lady Diana frances spencer (@ladydiana_princessofwales)



Тоа што јавноста ја исмејуваше години подоцна поради овој потег не ја потресе Камила, па таа продолжува да го копира стилот на принцезата Дијана.

Како што изјави за Експрес Максвел Стоун, креативен директор на куќата за накит Стивен Стоун во Лондон, Дијана со својот вкус за накит влијаела на многу членови на британското кралско семејство, но најмногу на нејзината ривалка Камила Паркер.

View this post on Instagram

A post shared by Gemini amp; Capricorn (@geminiandcapricorn)



- Принцезата Дијана носеше накит на уникатен начин, точно знаеше како секое парче да го истакне. Од правење ѓердани од брошеви до носење чокери како ленти за коса, таа постави огромни трендови и го покажа својот накит на уникатен начин – рече тој.

Како што вели тој, „не е ни чудо што другите сакаат да го имитираат нејзиниот стил“.

Забележано е дека Камила често носи чокери од неколку жици бисери украсени со ефективен брош, како и слични висечки обетки.

И тоа не е се! Чарлс за венчавката и подарил на Дијана ланче со прекрасен привезок, а денес Камила носи идентичен како брош! Многумина одат дотаму што тврдат дека тоа може да биде дури и исто парче накит.

Насловно фото: Profimedia