Познатата Миранда конечно ја покажа својата сопруга: За деценијата од бракот сподели емотивен момент од венчавката (ФОТО)

Синтија Никсон, познатата Миранда од серијата „Сексот и градот“, на Инстаграм објави фотографија која ги изненади, но и ги разнежни сите нејзини следбеници и обожаватели.

Одамна е познато дека Синтија е во брак со долгогодишна партнерка и никогаш не криела дека всушност сака жени. Добро познат факт е дека таа стапна на „лудиот камен“ пред една деценија, но публиката никогаш немаше можност да види ниту една фотографија од нејзината венчавка. Сепак, по повод десетгодишнината од вечните завети со својата избраничка, саканата Миранда реши да ги почести фановите со овековечен момент во еден од најсреќните денови во нејзиниот живот.

View this post on Instagram

A post shared by Cynthia Nixon (@cynthiaenixon)



Синтија и нејзиниот животен сопатник позираа на терасата на зграда во Њујорк - актерката во елегантна светложолта венчаница со бидермаер во раката, додека нејзината партнерка носеше темносин костум со зелена вратоврска.


Таа во описот на фотографијата ја ставила само временската одредница за датумот на венчавката и посочила дека од тогаш поминале 10 години. Се разбира, симболот на срцето беше задолжителен на крајот од описот.

Многу следбеници беа воодушевени и во своите коментари напишаа голем број желби за среќен и долготраен брак.


Фото: Инстаграм