Пред огледало со Агнеса Органџиева: Мажите никогаш нема да се сетат на вашата чанта, ама затоа ќе го памeтат вашиот парфем

Агнеса Органџиева е мајка на две ќерки, таа е дипломиран правник, вработена во Акционерското друштво за стопанисување од значење за Републиката. 

Беспрекорно се грижи за својот изглед и е елегантна, префинета, таа едноставно е пример како треба да изгледа една вистинска дама. За читателите на Женски магазин ги откри и своите тајни ритуали за убавина.

*Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?

- Дневниот козметички ритуал ми започнува во 06-30 часот наутро. Често после будење сите изгледаме поуморни, но некогаш мора да посветиме повеќе внимание на вечерната нега ако сакаме да блеснеме со својот изглед наутро. 

Во вечерниот ритуал вклучувам неколку чекори почнувајќи со ексфолијација, тоа ми е најдобар начин да ги исфрлам мртвите клетки од лицето, потоа нанесувам ноќна крема и серум за лице. 

Наутро веќе лицето ми е свежо и нанесувам само дневна крема, шминка која подразбира пудра, сенка за очи, римел, руменило, маскара и розов мат кармин.


*Со какви препарати го негувате лицето?

- Практикувам да користам квалитетна козметика за лице и тоа Lancome advanced serum, Estée Lauder advanced night repair serum, креми за лице користам на Dior capture totale, Babor reversive и ампули за лице од истите козметики.

*Посетувате ли козметички салони?

- Секако дека посетувам и тоа само еден (Beauty S салонот) кај Стара рампа во Кисела Вода, и не би го менувала . Тие 13 години се грижат за мене, и единствено тие знаат како со моето лице, бидејќи тој дел за мене е најважен.

*Кои производи ги употребувате за нега на коса?

- За мојата коса веќе две години се грижат (Z Нair) лично за мојата коса користат Revlon lakme, Loreal, Elgon I Morfosa . Тие во моментот според мене се најдобри, а во домашни услови косата ја негувам исклучиво со Kerastase - линија за бојадисана и руса коса, вклучува шампон, маска, крем за коса и капки.

*Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?

- Искрено немам потреба било што да прикривам на моето лице, можам само да истакнам дел, тоа се моите очи и усни.

*Кои се вашите омилени козметички производи?

- Козметиката за лице секогаш ми била приоритет и поважен дел кога е прашање шминка и креми за лице. Омилени козметички производи што ги користам се Chanel, Estée Lauder, Lancome, Dior, YSL, Bourjois, Artdeco, и сум презадоволна од секој производ.


* Што носите секогаш во Вашиот несесер?

- Кога е прашање мојот несесер (се смее) ...тој е секогаш полн, затоа секогаш носам голема чанта. Како и да е, мора да има кармин, маскара, руменило, камена пудра со огледалце и секако парфем. 

*Омилен парфем?

- Парфемот за мене е од големо значење, тој е најинтензивниот дел кој мора да асоцира на љубов. Парфемот мора да дава допир на елеганција, детал кој суптилно го привлекува вашиот изглед. 

Тој невидлив додаток го пополнува крајниот завршеток на вашата појава. Затоа дами, мажите никогаш нема да се сетат на вашата чанта, ама затоа ќе го паметат вашиот парфем . Елеганцијата без парфем не е возможна. 

Го обожувам Tom Ford Tobacco Vanille и Black Orchid, Lancome La Vie Est Belle, Chanel mademoiselle, но место во мојата колекција има и парфемот на Carolina Herrera Good Girl.

*Како ја одржувате линијата?

- Ја одржувам со прескокнување на вечерата, јас никогаш не вечерам, ама затоа утринскиот појадок мора да е јак кој што ме држи до ручекот и тој го јадам во мали количини. Благо не сакам, а одбегнувам и леб. Секој слободен момент практикувам да сум во природа на прошетка со моите две ќерки Вивиен и Тифани.


Ирена С.