Роб Лоу е актерот кој не старее: Веќе 20 години се држи до оваа исхрана

Фото: Profimedia

Роб Лоу е актер кој во Холивуд е познат по својот младешки изглед

Пред 20 години, Роб Лоу реши да ја промени исхраната:

„Сите порано или подоцна доаѓаат до точка кога сфаќаат дека не можат да јадат како на факултет. Тогаш не сфатив дека направив нешто радикално, но дефинитивно ми го промени животот", ја започна својата приказна Роб Лоу за „People“.

Актерот решил да јаде малку јаглехидрати и останал фокусиран на таква диета речиси 20 години. Јаде немасно месо и риба, многу овошје и зеленчук. Овој начин на исхрана многу му се допаѓа, па во последните неколку години ја промовираше Аткинсоновата диета со висока содржина на протеини и ниски јаглехидрати.

„Оваа диета ми дава многу повеќе енергија во текот на денот. Не сум уморен после оброците, концентриран сум и можам да тренирам понапорно. Исто така сум послаб иако не држам диета, само се држам до овој план на исхрана“, рече тој.

Фото: Profimedia

Роб Лоу е татко на две деца кои обожаваат слатки, а актерот вели дека често со нив го дели омилениот десерт.

„Обожавам пица,чизбургери,сладолед итн. Животот без нив не вреди да се живее. Се работи за наоѓање рамнотежа и јадење сè, но умерено. Има денови кога имаш силна волја па се храниш само здраво. Додека не дојдат деновите кога не можеш да одолееш на сладолед и начос и тоа е во ред“, изјави актерот.

„Додека се држите до што е можно повеќе здрава храна и избегнувате лоша храна - ќе бидете добро! Мораме да се грижиме за себе, да бидеме дисциплинирани. Мораме да спиеме доволно, да вежбаме и да јадеме здрава храна. Не гледам на себе како на професионален спортист, но ако не си легнам на време, не можам да очекувам утре да бидам полн со енергија - едноставно е!“ - додаде тој.


Извор: stil.kurir.rs