Се породи убавата пејачка Марија Микиќ: Ќеркичката доби старо, традиционално име (ФОТО)
За малата Ѓурѓа, мама и тато се облекоа во розово.
Популарната пејачка Марија Микиќ се породи пред неколку дена и стана мајка за прв пат, а сега ја напушти болницата заедно со вереникот и новородената ќерка.
Пејачката Марија Микиќ пред неколку дена го роди своето прво дете.
Таа и нејзиниот вереник Јован Пантиќ станаа родители на девојче кое го доби името Ѓурѓа, а среќната мајка се огласи неколку часа подоцна на Инстаграм и ја сподели првата фотографија од ќерката.
— Знај, ти си родена од најголема љубов. Светци, ви ја подаруваме оваа малечка, бидете љубезни со неа. Тато, успеавме. Те сакаме - напиша Марија заедно со првата фотка од бебето.
Сега пејачката ја напушти болницата, а на новинарите им откри дека се поминало во најдобар ред.
– Би сакала сите да имаат породување како моето. Ништо не почувствував, изјави Марија.
Додаде и дека среќниот татко е малку збунет, како и дека избрале розова облека поради малата Ѓурѓа. Така Јован носеше светло розева маичка, додека Марија излезе од породилиште во цветен фустан со розови детали.
- Тато е целосно изгубен, се уште не знае каде е. Сите сме облечени во розово, затоа што е девојче – откри среќната мама низ насмевка.
А среќниот пар ја објави и првата фотка со малата Ѓурѓа.
извор:GLOSSY