Си го масирам лицето со мраз: Кристина Арнаудова за ритуалите за убавина
„ Наутро се мијам со ладна вода, што поладна тоа подобро. Кога имам време знам да си го измасирам лицето со коцки мраз. Потоа ставам серум, или крем, за масна кожа. Последниве години почнав поинтензивно да посветувам внимание на креми, порано знаев со денови да не ставам ништо на лицето. Еден крем ми траеше една година. Сега го зголемив репертоарот на серуми и на креми, па така сакам серуми на хијалуронска база, и креми против брчки“, раскажува Кристина која е мајка на Максим и на Матео.
Таа вели дека навечер не си легнува без темелно да го исчисти лицето и да нанесе соодветен крем или маска. Кристина ни раскажа какви маски си прави самата.
„ Знам често да си направам природни маски, од кафе, кокосово масло, маслиново масло, кари мед и кисело млеко, која особено ја препорачувам на сите жени, по триесетата. Козметички салон посетувам еднаш во месецот, за класичен третман, бидејќи имам масна кожа, чистење на лицето ми е неопходно. Кога имам потреба одам на масажи, а понекогаш од време на време сакам да пробам и некој нов третман, мезотерапија на лице , со витамини и хијалурон е третман“, додава таа.
Пејачката вели дека практични причини, не секогаш е дисциплинирана и редовна во салоните за убавина, па така, најлесно ѝ е дома самата да си направам некој третман и маска. „ Кога се роди Максим, од недостаток на време, почнав самата дома да се депилирам, и тоа до ден денес ми остана како навика. Гледам да не губам многy време на тоа, бидејќи времето ми е кусо и скапо“, откри Кристина. (М.Џ.)