Со оваа диета Милица Павловиќ се стопи: Вака пејачката ослабе 10 килограми за 12 дена! (МЕНИ)

Добивај вести на Viber

На овој начин ќе ја доведете линијата до совршенство

Милица, судејќи по својот Инстаграм профил, постигна и линија на модел, а вели дека тоа е благодарение на јапонската исхрана. Ѝ ја препорачале нејзините пријатели, а деталите ги пронашла на интернет, но сепак пред да го промени начинот на исхрана се консултирала со лекари, пишува порталот lepaisrecna.

Ве советуваме да го сторите истото, бидејќи секое нагло намалување на калориите може да предизвика шок во организмот. Во исхраната на Милица, како што изјави за Story, за појадок се јадат дури три банани, а со нив може да пиеме само вода или евентуално чаша обезмастено млеко.

За ручек имате избор помеѓу задушен зеленчук со говедско месо, супа од риба или интегрални тестенини со доматен сос, додека за вечера, мисирка на скара или риба. Само две салати се на менито - или зелена или салата од зелка, а можете да ги јадете со секој оброк.


Не се дозволени грицки, единственото нешто што можете да јадете помеѓу оброците е банана со интервал од најмалку четири часа.

Последниот оброк не може да биде после 20 часот, а вкупнo диета трае 12 дена.


Фото: Инстаграм - Милица Павловиќ