Стил // Стил на неделата
Стил на неделата: Црната кожена јакна на Мадона- вечен тренд
Светски познатата пејачка Мадона е доста активна на својот профил на Инстаграм на кој ја следат над 15.5 фанови.
Последно беше критикувана поради како што велат „најлошиот ботокс“ кој го направила досега и нејзиното лице кое потсетува на вонземјанин. Сепак и покрај ваквите коментари ѕвездата важи за икона на која никој не би ѝ дал 62 години.
Како модна инспирација за нашиот стил на денот, ја имаме со кожената јакна во црна боја која пејачката ја носеше уште во 80-тите години. Овој крој никогаш не излезе во мода, а оваа сезона е особен тренд кој мора да го имате.