Стил на неделата: Носиме големи шноли од минатото како принцезата Дајана

Добивај вести на Viber

Деведесеттите години од минатиот век се познати по изненадувачката мода и мотото – „колку е поголемо, толку подобро”.  Најголемата популарност несомнено им припаѓаше на модните додатоци за коса. 

Дека овој тренд беше опсесија за сите, се потсетуваме и на принцезата Дајана, која беше една од првите што покажа дека шнолите дефинитивно не се само за помали девојки. 

Денес едноставно не постои негирање дека модните додатоци за коса имаат огромен момент на камбек кај сите дизајнери, познати личности и инфлуенсери. Најдобрата работа во врска со тоа кога нешто се враќа во тренд е тоа што се враќа уште посилно и подобро, отколку што било порано.

Се сеќавате кога имавте по десеттина различни видови на шноли, украсни ластици и чешли за коса во вашите фиоки и организери и некаде на средината на 2000-те години не сте знаеле што со нив? Ако сте ги зачувале, сега тие се вратени назад и тоа со сила ги освојуваат најголемите трендови.