Стрии, развлечена кожа, отоци...Познати жени покажаа како изгледа навистина женското тело по породувањето (ФОТО)

Има многу примери на трудници од светот на познатите кои за рекордно време ги губат насобраните килограми и повторно изгледаат беспрекорно, па по три месеци се враќаат на црвените теписи и модните писти и се однесуваат како никогаш да не биле бремени. Сепак, овој тренд на совршенство полека стивнува, а познатите мајки се почесто се одлучуваат да покажат како всушност изгледа закрепнувањето по најсреќниот ден од нивниот живот.

Поради фактот што на многу мајки им се наметнуваат комплекси доколку не можат да си го вратат стариот изглед во рекордно време, познатите мајки решиле да стават крај на нереалните прикажувања на женското тело по бременоста и породувањето.

Трендот на зборување и објавување слики од реалниот изглед на телото по породувањето им помага на другите мајки да го прифатат и сакаат своето тело какво што е, совршено, со сите негови несовршености.

Новите генерации мајки нема да пораснат и да живеат со верување дека нешто не е во ред со нивното тело затоа што во рок од еден ден не станало како што било пред бременоста.

Според тоа, Ешли Греј, популарна манекенка, еднаш објави слика од својот стомак неколку дена по породувањето и испрати силна порака до сите жени кои страдаат од стрии: „Стриите се тука да не потсетат на нашето најголемо богатство!“

И актерката Кејт Хадсон реши гордо да и покаже на јавноста како изгледа два месеци по породувањето.


Бинки Фелстед, популарна телевизиска водителка, објави фотографија од своето тело првиот ден по породувањето и рече дека денес го цени женското тело повеќе од кога било.

Ниту австралиската манекенка Робин Лоули и покрај добрите гени не остана отпорна на килограмите кои не си заминуваат така лесно. Таа со фотографија на социјалните мрежи ги покажа стриите на стомакот кои се честа појава по бременост во која нагло се дебелеете.

Инфлуенсека Садија Слеј го роди синот Ајдин, а на социјалните мрежи покажа како изгледа нејзиниот стомак девет месеци подоцна. „Можеби мислите дека ова е одвратно, зошто го објавувам. Во ред е. Но, многумина од вас ќе го видат ова и ќе почувствуваат олеснување“, рече таа.


Ејми Шумер со синот Џин прошетала во гаќички и градник пет недели по породувањето.


Американската телевизиска ѕвезда, а по професија нутриционист Дафне Оз, покажа и како навистина изгледа телото по породувањето.

Ешли Џејмс, модел, диџеј и водителка, исто така отворено покажа како изгледа телото по породувањето.

Тиа Моври покажа како изгледа седум недели откако ја роди ќерката Каиро. "Видов жени на плажите во списанија неколку недели по породувањето. Да бидам искрена, ми требаше време да го прифатам моето ново тело", рекла таа.

Благодарение на оваа „акција“ на познатите мајки, на жените им е значително полесно да го прифатат своето тело, бидејќи, како што веќе видовме, не е се како што изгледа. Телото поминува низ големи промени и стрес, му треба многу време да се опорави, а најмалку што можеме да направиме на самиот почеток на тоа закрепнување е да го прифатиме и да го сакаме такво какво што е.



Извор: zena.blic.rs

Фото: Инстаграм