Тамара со децата ја накити елката: А еве што ѝ пишаа Игор Џамбазов, Илина Арсова и Тијана

фото:инстаграм/tamaratodevska  /  Мартин Трајановски

Новогодишно расположени со Хана и Дарен.

Празничната еуфорија веќе ја чувствуваме сите, а многумина веќе почнаа и со китење на елката и новогодишно декорирање по дома.

Од познатите македонски личности, пејачката Тамара меѓу првите се пофали со накитената елка.
По тој повод мама Тамара позираше со децата Хана и Дарен, но и преслаткото кутре - сите новогодишно расположени, ги отворија и првите пакетчиња.
„Нашиот Дедо Мраз дојде порано оваа година и ни донесе мнооооогу слатки изненадувања“ - напиша Тамара.


Покрај прекрасните фотки, интересни коментари оставија нејзината сестра Тијана, како и Илина Арсова и Игор Џамбазов.

„Ја еднаш у април барав Дедо Мраз..и добив една воспитна...“ - напиша Џамбазов.

Арсова пак запраша „како кутрево вака позира?“

А Тијана секако им кажа на своите внуци и сестра си колку ги сака.