ТЕМПЕРАТУРНИ ПОДЕМИ И ПАДОВИ: AccuWeather прогнозира пеколно лето-горештините ќе ги разбиваат опасни бури

Секој бран на натпросечни температури веројатно ќе трае една или две недели и ќе се карактеризира со рекордна топлина, но топлината ќе биде прекината од бавните бури кои ќе ги намалат температурите и ќе донесат врнежи

Според сезонската прогноза објавена од Accuweather, Европа ја очекува пеколно топло лето, а отстапувањата ќе бидат најизразени на Балканот, каде што максималните вредности ќе се движат околу рекордни. Бројот на денови со температури над 32°C ќе биде значително поголем од просекот.

Уште едно рекордно топло лето

Според нив, летото брзо се наближува и многу луѓе ширум Европа би можеле да се соочат со уште едно лето кое би можело да се израмни со рекордната жештина од 2021 година, но жештините се само дел од приказната за времето низ континентот во наредните месеци. Тимот на долгорочни прогнозери на AccuWeather ги анализираше временските шеми ширум светот за да се сложи што ќе се случува низ Европа во неделите и месеците што следат. Метеоролозите Тајлер Ројс и Алан Реперт веруваат дека ова лето може да биде потопло од вообичаено за поголем дел од континентот.

Детали читајте на Фактор тука.