„Толку пари, а толку невкус“: Новата сопруга на Мустафа Сандал разочара со изборот на втората венчаница (ФОТО)

Прославениот 52-годишник и атрактивната русокоса, сопственичка на моден бутик, се во врска од мај 2019 година, тогаш за прв пат заедно се појавија во јавноста. Да потсетиме, Сандал ја прекина врската со Емина во 2018 година, по 10 години брак.


Парот ја прослави својата венчавка на спектакуларен начин со неколку луксузни церемонии, а деталите од овие гламурозни прослави ги пренесоа сите турски медиуми. Двојката првично ја вети својата вечна љубов на граѓанска церемонија во Рим, а неколку дена подоцна приреди раскошна свадбена веселба за 80 нивни најблиски пријатели во луксузен хотел во одморалиштето Мармарис. 

 Сосема очекувано, 33-годишната Мелис смени неколку свадбени изданија - почнувајќи од бел костум, преку прекрасна снежно бела, сатенска венчаница со длабок шлиц и прилично смело деколте, па сè до нетипичната венчаница што ја носеше за лудата свадбена веселба.



Имено, Мустафа и Мелис само пред неколку дена ги објавија фотографиите од споменатата забава, а посебно внимание привлече модниот избор на невестата! Таа се појави во провокативна, кратка проѕирна венчаница со реси од тантела, а креацијата всушност повеќе личи на костим за танц отколку на невестински фустан за забаваа целото прашање предизвика поделени мислења. Додека едни се воодушевени, други се згрозени. Ова се само дел од коментарите на нејзините следбеници:

„Ова е неверојатно кич“, „Најгрдата венчаница досега“, „Толку пари, а ти направи таков избор“, „Од тојата венчаница ме заболе мозокот“, „Грдо, погрдо не можеше да биде“, се само дел од коментарите.

Како ви се чини вам?


ФОТО: Инстаграм Screenshot

Први фотки од венчавката на Мустафа и Мелиса: Носеше ист детаљ како Емина на свадбата пред 14 години