Први фотки од венчавката на Мустафа и Мелиса: Носеше ист детаљ како Емина на свадбата пред 14 години
фото:instagram
Поранешниот сопруг на пејачката Емина Јаховиќ, турскиот пејач Мустафа Сандал пред пет дена се ожени со својата 19 години помлада девојка Мелис Сутсуруп, а обожавателите веќе ја споредуваат неговата поранешна и сегашната сопруга.
Мустафа и Мелис го кажаа судбоносното „да“ во турската амбасада во Рим, а откако сопругата на пејачот, која е речиси две децении помлада, објави фотографии од венчавката, фановите почнаа да ја споредуваат со пејачката Емина Јаховиќ.
Мустафа се одлучи за класика - црн костум, вратоврска во иста боја, и бела кошула, додека Мелиса имаше многу креативно издание. Таа носеше поинаква венчаница од онаа што можеби се очекува.
Таа носеше краток, лелеав фустан со многу детали на него, мрежа на главата и нешто како наметка на грбот.
Изборот на невестински фустани покажува колку Мелиса и Емина се различни, но, она што е забележливо е дека имаат едно нешто заедничко – тоа е белата мрежа на глава, која очигледно е замена за велот.
Во продолжение погледнете како изгледала Емина на венчавката, а како изгледаше Мелиса:
Инаку, Мустафа и Мелиса се уште планираат голема свадбена веселба, која ќе трае од 10 до 12 јуни и ќе се одржи во луксузен хотел во одморалиштето Мармарис.
На втората свадбена веселба ќе има околу 80 гости, а младенците за сите организирале сместување, но и авионски превоз. „Грчката вечер“ ќе се одржи прво на 10 јуни, во ресторанот, додека венчавката ќе се одржи следниот ден во градината, а потоа забавата ќе се одржи на плажа. Свадбата ќе заврши со „прекрасен ручек следното утро“, стои во поканата.
извор:telegraf