Не се грижи за неговите деца, а туѓите ги прифати како свои: Мустафа Сандал ја разбесни јавноста, можно ли е ова?!

Добивај вести на Viber

Не им плаќа алиментација на синовите, а каков ли е кон синот на неговата вереница?

Во српските медиуми турскиот музичар Мустафа Сандал има лоша репутација, бидејќи е познато дека неговата поранешна сопруга Емина Јаховиќ на суд го товари за неисплатена алиментација на нивните синови Јаман и Јавуз. Сепак, и покрај финансиското недоразбирање меѓу поранешната двојка, Јаман и Јавуз често поминуваат време со нивниот татко, кој се обидува да ги опсипува со својата љубов и внимание.

View this post on Instagram

A post shared by Melis Sutsurup (@melisutsurup)


Но, надалеку се слуша лош глас, па јавноста се запраша: „Не им плаќа алиментација на синовите, а каков ли е кон синот на неговата свршеница?“. Имено, свршеницата на Мустафа Санадал го има седумгодишниот син Џигит, кој живее со нив.


Судејќи по бројните фотографии на социјалните мрежи, Мустафа го прифатил синот на својата вереница за свој, па тројцата станале вистинско семејство. Секако, поради тоа музичарот не го променил односот кон своите синови на кои се труди да им биде најдобар татко на светот, како и да поминува што повеќе време со нив.

Како што пишуваат медиумите, и Јаман и Јавуз одлично ја прифатиле Мелиса, а тие петмина моментално се на вистинско мало семејно патување заедно.


Фото: Инстаграм

Фото насловна: Инстаграм - mustafasandal24/ Емина Јаховиќ

Луксузна прослава од 2 дена: Сите детали за бајковитата венчавка на поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ