Трогателна исповед на сестрата на Маријана победничката на „Големиот брат“: Мислам дека повеќе не е жива

На Маријана Сеиферт, победничката на „Големиот брат“ ѝ се губи секоја трага

Нејзината сестра Маја Ковачевиќ сега изјави дека не се откажува од вистината.

„Ноќта кога Маријана најверојатно умираше, сонував како двете се поздравуваме. Следниот ден кога се разбудив веднаш го зедов мобилниот телефон и ѝ се јавив на сестра ми со која се немав слушнато еден месец. Таа не одговори, а јас веќе имав чудно чувство“, изјави Маја за „Слободна Далмација“.

Мислам дека не е жива.

„За жал, мислам дека веќе не е жива. Чувствувам дека ја нема. Само сакаме конечно да ја дознаеме вистинската вистина и да можеме да се збогуваме со неа“, вели Маја, која верува дека вистината наскоро ќе излезе на виделина.

„Нашата потрага по вистината продолжува секој ден, а колку повеќе откриваме, толку повеќе сме во шок. Едноставно, има многу што е чудно во таа вечер кога исчезна. Нејзиниот сопруг Карло неколку пати ја смени изјавата во полиција .

- Не сакам да кажам дека ѝ направил нешто, туку само нека каже што се случило во станот, бидејќи сум убедена дека имало расправија меѓу нив. Сето тоа ми е многу чудно и додека не ја дознаам вистината не можам да стапам во контакт со него, тешко ми е бидејќи знам дека нема да можам да го видам мојот внук, но останувам на моето - додаде таа.

Таа исчезна во текот на ноќта, телефонот пронајден на мостот

Маријана исчезна ноќта меѓу 26 и 27 април годинава откако го напуштила станот во Савица, Загреб, каде живее со сопругот Карло Сеиферт. Во моментот на исчезнувањето таа носела маица во боја на сенф, црна спортска јакна, црни панталони со бело-црвена лента и светли патики, соопшти загрепската полиција.

Утрото подоцна, на Мостот на младоста биле пронајдени нејзините документи и телефонот. На мостот нема камери, а Маријана наводно ноќта на исчезнувањето ја снимиле камерите како излегува од зградата во која живеела со Карло и нејзиниот син.


Извор: www.espreso.co.rs