Утринско кафе со Анастасија Анѓеловска: Штом ги отворам очите си кажувам: „Денес ќе биде прекрасен ден“
Денот ми започнува
со медитација, јога па подоцна следуваат сите други ритуали. Првиот утрински
напиток не ми е кафе, тоа е најчесто кофеински чај или какао со млеко и бидејќи
сум ранобудник најчесто го пијам сама во мир и тишина.
Забележав дека кофеинскиот чај ми дава неверојатна енергија и „гориво“ за цел
ден. Во исто време е и одлична замена за кафе, ме буди веднаш по првата голтка.
Бидејќи
ретко пијам кафе, кога ќе се одлучам сакам тоа навистина да е убаво направено.
Говорејќи за турското кафе, најдов бескофеинско што е идентично на вкус и
уживам додека го правам. Секако кајмакот е најважната одлика на добро
приготвено кафе. Кога излегувам најчесто пијам макијато и преферирам да е
густо, со пена и убаво декорирано.
Вежбањето
и играњето на мои омилени песни, исто така, ми даваат плус енергија. На тој
начин се полнам со позитивна енергија затоа и овие два ритуали се вклучени во
мојата утринска рутина.
Мотивација наоѓам
многу лесно и најчесто во мали едноставни нешта. Најголема мотивација ми е
девојката која ја гледам во огледало секое утро. Реченица што ќе ја слушнам од
случаен минувач може лесно да ме измотивира. И самото тоа што е нов ден полн со
можности, во кој јас и сите мои се живи и здрави, ми е доволна мотивација да
зачекорам во истиот.
Денот ми е посветен
на различни полиња. Во текот на работната недела утринските часови ги поминувам
на факултет. Штом завршам, се посветувам на себеусовршување, правење планови на
професионален план, најчесто и работам во другата половина од денот. Викендот
ми е посветен на реализирање на претходно направени планови за правење добри
фотки и содржина за социјалните мрежи.
Вечерта ја минувам
со семејството и уживам во нивно друштво. Секој раскажува што му се има случено
дента. И најчесто вечерта ја го заокружуваме со некој добар филм.
Секогаш, ама
секогаш бирам книга. Сакам да гледам и филмови, но според мене книгите многу
повеќе ни ја продлабочуваат имагинацијата. Не дозволувам денот да ми заврши без
неколку прочитани страници.
Додека појадувам слушам и си
повторувам афирмации од различен тип. Но, првата реченица што си ја изговорам
веднаш штом ќе ги отворам очите е: Денес ќе биде прекрасен ден. И
навистина секој ден ми е полн со прекрасни случки. А истиот го завршувам со
благодарност. Се заблагодарувам за сѐ што имам, потсетувајќи се на реченицата: Што
ако утре се разбудиме без сѐ она за кое не сме биле благодарни денес?
Анастасија Анѓеловска - блогерка