Утринско кафе со Андреј Цветковски: Чувството кога зад мене стои компанија која е лидер на пазарот знам дека зацртаната цел секогаш ќе биде остварена

Секогаш се трудам денот да ми започне со позитива, убава енергија и мотивација за тој ден да биде подобар и попродуктивен од предходниот, таквиот Mindset на крајот на денот ми буди чувство на исполнетост и мир.

Најчесто денот ми започнува со утрински тренинг пред започнување на работните обврски, тоа ми ги дава сите дополнителни бенефити и енергија денот да започне со насмевка. Утринското кафе најчесто го пијам во Кроациа осигурување на работното место и тоа е момент кога ги организирам работните обврски за тековниот ден и таа рутина ми е една од омилените. Добро поставениот план, организацијата во текот на денот и размената на искуства и дискусии со колегите во Кроациа секогаш придонесуваат за одлични резултати. Резултатите се тие кои ми се главен мотив дека може и повеќе, а чувството дека позади мене стои компанија која е лидер на пазарот знам дека зацртаната цел секогаш ќе биде остварена.


Јас сум голем фан на кафето, најмногу на еспресото и секогаш кога го пијам сакам да си го направам тој момент посебен за мене и да уживам во него. Најчесто брзо ме расонува, но и некогаш кога ми треба поголема концентрација за одредени работи, еспресото секогаш одговара позитивно на моите потреби.

Хммм.. јас сум во принцип многу едноставен, немам посебен рецепт за кафе, едноставно еспресо е мојот омилен вкус.

Ме мотивираат многу работи, но најмногу од се' ме мотивираат целите на кои што целам да ги остварам за одреден прериод од сега како на професионален така и семеен план.


Како што напоменав, најпрво од се е утринскиот тренинг, потоа доаѓаат професионалните обврски на работното место, одржување на состаноци и исполнување на целите кои што си ги имаме замислено и зададено, а секако по работното време максимално се посветувам на семејството, на мојата идна сопруга и сите обрврски кои следуваат пропратно со динамиката во која што живееме.

Денот најчесто ми завршува во домашна атмосфера, со убава вечера и по некоја емисија од истражувачки карактер или некој добар филм,  зависи од расположението и желбата.


Во принцип многу сакам да читам и да се информирам, но не само преку книги, туку и преку добри интервјуа од влијателни и успешни личности и емисии со едукативен и истражувачки карактер,  а за добар филм секогаш наоѓам време.


Поддршката и љубовта од партнерот и од семејството ми е најголемиот бунар од кој што ја црпам таа дополнителна енергија и мотивација. Во животот највредното нешто што треба да го поседува човек е таа сплотеност и хармонија со најблиските, бидејки без нив може да сме само половични,  а тие ни дават крилја да ги достигнеме побрзо целите кои што сме ги зацртале во животот.


*Андреј Цветковски - Менаџер на интерна продажна мрежа во Кроација осигурување