Утринско кафе со Антонио Пејоски: Во Струга на плажа собирам енергија

Со оглед на мојата професија секој ден ми почнува различно во зависност од тоа дали се будам дома или некаде во градовите ширум Македонија. Кога сум дома денот ми започнува со утринско кафе кое секако го пијам со мојата сопруга, но кога сум отсутен тоа е со членовите од мојот бенд. 

Моја мотивација се целите што сам си ги зацртувам, па така знам каде точно да се движам без разлика дали се работи на професионален план или во мојот приватен живот. 

Дневните обврски ми се различни бидејќи викендите, а често и преку недела настапуваме низ многу градови па така претежно денот ми поминува по пат. 

Кога сум во Струга со сопругата често знаеме да излеземе на прошетка, на ручек или вечера, а често кога сум послободен одиме и на плажа каде што собирам енергија. 

Во слободно време но не многу често знам да изгледам некој добар филм, но сепак со оглед на мојата професија преферирам да слушам музика бидејќи тоа ме исполнува.


* Антонио Пејоски - пејач *