Утринско кафе со Бојан Тодороски: Во последните 10 години имам прочитано повеќе од 600 книги
Денот ми започнува со тренинг и кардио. Kафе не ми треба воопшто наутро и не пијам често.
Me мотивира остварувањето на целите, од нивното поставување преку периодот во кој треба да бидам дисциплиниран и да работам до нивното остварување.
Дневни планови ми се клиентите со кои работам онлајн, околу исхрана и тренинг. Тренирам, си подготвувам храна, така да немам многу слободно време.
Навечер сакам да се опуштам некогаш со друштво, а некогаш и сам со добар филм/ документарец или серија, а најчесто тоа го правам со мојот Xbox.
Сакам да гледам филмови, но во последниот период немам толку време. А кога станува збор за книги, си имам поставен цел да читам 20 страници секој ден - тоа се книги за само усовршување. Можам да кажам дека во последните 10 години имам прочитано повеќе од 600 книги.
*Бојан Тодороски - Фитнес Тренер*